Љутков: Донесен делегиран буџет со кој театрите однапред во годината ќе добијат буџет без да конкурираат

January 19, 2025
1 min read

Театарите во земјава по примерот на фестивалите првпат однапред ќе добиваат одредена сума на буџет, со кој ќе ги реализираат своите програми, а потоа на крајот на годината Министерство за култура и туризам и со нивните тимови ќе вршат евалуација на проектите кои се изработени, колку карти се продадени, на колку фестивали бил театарот, колку успеси има постигнато, што направиле со средствата во дадената институција. Ова денеска го изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков, при посетата на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.

Тој информира дека Велешкиот театар за 2025 година ќе добие двојно поголем буџет споредено со претходната година.

-На тој начин и самите менаџери на институциите, во случајот директорот на Велешки театар Жарко Спасовски и останатите директори ќе носат многу поголема одговорност, кон програмата. Дали ќе се формираат како уметнички Совет, дали ќе има уметнички директор или ќе има креативен тим кој ќе ги изработува програмите во наредната година, тоа ќе биде слободен избор на самата институција, појасни министерот Љутков.

Појасни дека тие како Министерство за култура и туризам ќе го следат овој процес и во однос на тоа како е завршена работата и таков ќе им биде буџетот за наредната 2026 година. -Она што денеска можам со сигурност да ви го кажам пред да биде објавена програмата на 31 јануари е дека НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес ќе добие двојно поголем буџет за разлика од претходната 2024 година, рече Љутков.

Директорот на Велешкиот театар Жарко Спасовски информира дека тие годинава по стариот начин конкурирале со пет претстави со режисерите Синиша Ефтимов, Владимир Милчин, Александар Ивановски, Елеонора Теова и Борис Василевски. -Тоа ни е спој на младоста и искуство, кои верувам дека со овие средства за кои информира министерот ќе ги реализираме тие пет претстави, а минимум би имале две детски претстави бидејќи сакам да бидеме активни за таа наша млада публика, која е следната публика која би доаѓала во нашиот театар, потенцира Спасовски.

Тој информира дека уште од сега се поканети на неколку театарски фестивали, а во март со сигурност ќе одат на фестивал во Ниш. Имаат и покани за фестивалот во Лече во Италија, за кој се уште се во преговори, како и на други театарски фестивали.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ТРАГЕДИЈА: Малолетни момче и девојче пронајдени починати во гаража

Следно

Кржаловски: Пропаднаа адутите на ВМРО-ДПМНЕ, нема нова преговарачка рамка, ниту одложено дејство на уставните измени

Latest from Blog

Биографот на поранешниот принц Ендру открива што ќе прави до крајот на животот: „Го уништи семејството“

Новата книга на Ендру Лауни, „Entitled: The Rise and Fall of the House of York“ (Привилегирани: подемот и падот на куќата Јорк), ги открива деталите за случајот Џефри Епштајн / Вирџинија Џуфре.

Тајната за Лајка била чувана со децении, но никој не очекувал ваква вистина

На денешен ден, пред 68 години, на 3 ноември 1957 година, првото живо суштество било испратено во вселената. Тоа била Лајка, тригодишно улично куче. „Деветте кругови околу Земјата ја направиле Лајка првиот

Калас во Сараево: Ќе спречиме каков било безбедносен вакуум, нема да дозволиме историјата да се повтори

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска во Сараево потврди дека ЕУ останува посветена на зачувување на мирот и стабилноста во Босна и Херцеговина и

Ван Дајк му одговори на Руни

ФОТО: Liverpool FC/FB Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, му одговори на легендата на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, кој неодамна изрази мислење дека имаат проблем со лидерството и дека лошата форма во
Go toTop