Нубиските пирамиди во Судан гордо стојат во пустината и покрај конфликтите и занемареноста

January 19, 2025
1 min read

ПОРТ СУДАН (АА) – Во источната африканска земја Судан, каде што има конфликти, 2000-годишните нубиски пирамиди (Пирамиди во Меро), заштитени од УНЕСКО, сè уште гордо стојат во пустината, преживувајќи војни и занемареност, додека сведочат за историјата, јавува Анадолу.

Конфликтот помеѓу суданската Армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ), особено во главниот град Картум и останатите региони, предизвика огромна штета врз инфраструктурата, економијата, образованието и здравството.

Конфликтот во кој се убиени 20.000 лица, речиси 9 милиони лица се раселени во рамките на Судан и повеќе од три милиони побегнале од земјата, исто така го погоди и туристичкиот сектор.

Анадолу ја долови убавината на пирамидите, лоцирани на околу 200 километри северно од Картум, кои некогаш беа голема туристичка атракција пред граѓанската војна.

Пирамидите кај античкиот град Меро, познати како пирамидите „Беџравија“, наречени според селото во близина, се постари 800 години од познатите египетски пирамиди. Иако се помали по големина, нивниот број е значително поголем.

– Тековниот конфликт ги одврати туристите од посета на пирамидите

Мештаните од селото Беџравија, кои во минатото ги водеа туристите на патувања со камили и продаваа локални сувенири, денес се соочуваат со замрен туризам поради воениот конфликт.

Жителите, разочарани од недостатокот на признание за пирамидите, апелираат светот да ги открие овие скриени богатства.

Некои пирамиди се оштетени или несоодветно реставрирани поради природни и човечки фактори, додека тековниот конфликт, економските проблеми и политичката нестабилност го спречуваат нивното соодветно одржување.

Дополнителна штета во регионот била предизвикана во 19 век од ископувањата на европските археолози, особено од италијанскиот ловец на богатства и истражувач Џузепе Ферлини.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода

Следно

Мукаетов: По 12 години во РФМ со задоволство велам – оставаме светол сигнал на патот!

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop