Манчевски ќе изработи видео од мултимедијалниот настан „Нова надеж“, кој се одржа на Спомен-костурницата во Велес

January 17, 2025
1 min read

Музичката платформа „Терапија“ објави дека режисерот Милчо Манчевски ќе го потпише видео-материјалот од мултимедијалниот настан „Нова надеж“, кој се одржа на Спомен-костурницата во Велес. Манчевски ќе подготви уникатно видео од перформансот што беше одржан на 11 Октомври – Денот на народното востание.

Како што велат од „Терапија“, Манчевски на овој начин сака да ја изрази и својата поддршка за платформата, која според него, е меѓу најдобрите која се труди да го зачува и оживее македонското културно наследство. Видео-материјалот, истакнуваат од „Терапија“ ќе биде и еден вид благодарност кон актерите кои беа дел од настанот, Игор Џамбазов, Камка Тоциновски и Тони Михајловски, како и кон DJ артистите, Ивана Драгшиќ и Александар Гроздановски – HERZEL.

Со настанот „Нова надеж“ беа одбележани 45. години од Спомен-костурницата во Велес или македонската „Герника“, како што многумина ја нарекуваат заради монументалниот мозаик на Петар Мазев, „Терапија“, според нивните зборови, го трасираше и патот кон кој треба да продолжиме, со многу креативност, мултимедијалност и заштита на она е македонско и автентично.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија не успеа против Холандија, конечни 37:32

Следно

Потврдена критичната состојба на мостот на Вардар кај Башино Село

Latest from Blog

Селекторот на Парагвај: Моите рани се отворени – крварам

Фудбалската репрезентација на Парагвај се збогува со Светското првенство откако тесно загуби од Франција со 1:0 во осминафиналето во саботата. Моментот на одлука се случи откако Килијан Мбапе го реализираше пеналот досуден

Берлин ѝ оддава почит на САД; Бранденбуршката порта осветлена во боите на американското знаме

Светлосната проекција започна на зајдисонце и траеше до полноќ. „Како симбол на единство и слобода, Бранденбуршката порта силно ги одразува нашите заеднички вредности на 4 јули“, истакна градоначалникот на Берлин, Каи Вегнер,

Постои опасност пожарот кај Штип да излезе од контрола, ер тракторите упатени натаму

Пожарот што избувна во близина на населбата Сончев Град во Штип и натаму претставува сериозна закана, а поради опасноста еден од краците на огнената стихија да излезе од контрола, воздушните сили за
Go toTop