Потврдена критичната состојба на мостот на Вардар кај Башино Село

January 17, 2025
1 min read

По последните испитувања на мостот на Вардар кај Башино Село, стручњаците потврдија сериозни оштетувања на носечките елементи. Поради тоа, сообраќајот беше стопиран на 4 јануари. Проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет, истакна дека е потребна брза санација на оштетените столбови и носачи на мостот, а ќе се работи и на зајакнување на структурата.

Техничкото решение за санација веќе е доставено до ЈПДП, кој ќе избере изведувач по итна постапка. Првично, се предвидува мостот да се оспособи за сообраќај по една лента, а потоа ќе следи целосна санација. Долгорочен мониторинг ќе помогне во донесувањето на одлука дали мостот ќе биде еднонасочен или двонасочен.

Во меѓувреме, планирана е изградба на нов мост, 50 метри подолу, за кој се очекува почеток на работите средината на годинава. ЈПДП веќе е во процес на избор на проектант за новиот мост.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчевски ќе изработи видео од мултимедијалниот настан „Нова надеж“, кој се одржа на Спомен-костурницата во Велес

Следно

Стојаноски: ДУИ глуми патриотизам, за нив патриотизмот зависи од нивните интереси

Latest from Blog

Америка вечерва ги нападна иранските сили во Ормуз, ИРАН ВОЗВРАТИ КОН АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ ВО ЈОРДАН (ВИДЕО)

Американските сили вечерва нападнаа ирански ракетни лансери на островот Ларак во Ормутскиот теснец, објавија американските претставници. Ова е првиот американски воен напад врз Иран во последниот месец. Два лансери управувани од членови

АМЕРИКА Е ПРОТИВ “БЕЗУСЛОВНО ПРИМИРЈЕ“ и гласаше во интерес на Русија за “преговори“ без “безусловост“

Соединетите Американски Држави одбија да се приклучат на заедничката изјава за Украина во Обединетите нации (ОН), со која се осудуваат постапките на Русија и се бара безусловно примирје од Москва, а Вашингтон

ИСЛАНД РЕЧЕ “НЕ“ ЗА ЕУ И БРИСЕЛ, нивните интереси би се загрозиле со членството

Исланд гласаше против продолжување на преговорите за приклучување кон Европската Унија 13 години откако беа прекинати. Нивното “не“ беше изненадување за Брисел. Јавниот радиодифузен сервис RUV објави дека 52,8% од 225.031 гласачи
Go toTop