Столтенберг ја повика Русија да ја повлече суспензијата од членството во договорот за нуклеарно оружје Нов СТАРТ

February 21, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес ја повика Русија да ја повлече својата одлука за суспендирање на учеството во договорот за нуклеарно оружје Нов СТАРТ, јавува Анадолу.

„Ја повикувам Русија денеска да ја преиспита својата одлука да го суспендира учеството во договорот Нов СТАРТ“, рече Столтенберг на заедничката прес-конференција по средбата со шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Тој изјави дека повеќе „нуклеарно оружје и помала контрола на оружјето го прават светот поопасен“ и ја истакна важноста на светскиот поредок заснован на правила.

Изјавите на Столтенберг следуваа по говорот на рускиот претседател Владимир Путин во кој тој најави дека неговата земја повеќе нема да го применува договорот што има за цел да го контролира и намали стратешкото нуклеарно оружје распоредено од САД и Русија.

Столтенберг одговори и на обвинувањето на Путин дека Западот ја испровоцирал и ескалирал војната во Украина, велејќи: „Никој не ја напаѓа Русија. Русија е агресорот.“

Борел, исто така, ги отфрли аргументите на Путин, велејќи дека според Повелбата на ОН, сосема е легитимно да се поддржува оној кој бил нападнат.

Договорот, потпишан во 2010 година и продолжен во 2021 година за уште пет години, има за цел да ги контролира и намали стратешките нуклеарни сили распоредени од САД и Русија.

– Поддршка за Украина 

Лидерите од НАТО, ЕУ и Украина се состанаа за прв пат во овој трилатерален формат, што Борел го опиша како „историски“.

Столтенберг го повтори својот повик до сојузниците во НАТО „да ја одржат и зајакнат воената поддршка за Украина“.

Борел, исто така, се согласи дека военото производство треба да се зголеми, но нагласи дека мора да го искористат она што го имаат.

Тој објави дека вчера испратил писмо до сите министри за одбрана на ЕУ, барајќи од нив да извршат испораки според веќе потпишаните договори со одбранбената индустрија, давајќи ѝ приоритет на Украина, наместо да ги надополнуваат сопствените залихи.

Столтенберг, исто така, објави дека се договориле НАТО да ѝ помогне на Украина во создавањето „ефективен, одговорен и транспарентен систем за набавки“, по неодамнешните откритија на земјата за корупција при купувањето на украинското Министерство за одбрана.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АФАД: Бројот на загинати во разорните земјотреси во јужна Туркије порасна на 42.310

Следно

Четири лица претепале млад скопјанец во Гази Баба

Latest from Blog

Трамп: Куба бара помош

Тој ја објави својата порака на социјалната мрежа Truth Social пред неговата посета на Кина оваа недела. „Никој од републиканците никогаш не ми ја спомнал Куба, а тоа е неуспешна земја која

Првиот ФИФА терен во Македонија свечено пуштен во употреба во Босилово

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање

Омерагиќ: Босилово е првиот чекор на проектот „FIFA Arena“ во Македонија

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање
Go toTop