Заменик-министерот за надворешни работи на Грција си поднесе оставка

January 17, 2025
1 min read

Од лични причини заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Костас Франкојанис денеска поднел оставка, која грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како што соопштија од неговиот кабинет, ја прифатил, јави дописничката на МИА од Атина.

Нов заменик -шеф на грчката дипломатија надлежен за економска дипломатија и екстровертност ќе биде пратеникот од Нова демократија Тасос Хаѕивасилиу, кој в понеделник ќе положи свечена заклетва.

Дополнително, од кабинетот на Мицотакис информираа дека Франкојанис останува неплатен советник на премиерот за прашањата поврзани со екстровертност.

Шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис рече дека Франкојанис по пет и пол години во Министерството за надворешни работи на Грција, „поднесе оставка од сериозни лични причини“, му се заблагодари за соработката и му посака успех во иднина.

-Костас Франкојанис, со неговата исклучителна посветеност, со неговата визија и креативност, одлучно придонесе за реформирањето на економската дипломатија на нашата земја. За време на неговиот мандат, Грција стана поотворена, подинамична и поподготвена да одговори на барањата на современиот свет, рече Герапетритис.

Франкојанис беше задолжен за таканаречената „позитивна агенда“, односно за економската соработка со низа земји меѓу кои и нашата, а во февруари 2022 година беше во дводневна посета на Скопје.

Паралелно, го водеше дијалогот со Турција за билатералната соработка во повеќе области, а минатиот месец беше одржан седмиот круг од грчко-турски разговори за позитивната агенда. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците за долгорочна одржливост

Следно

Дубаи со голема глобална иницијатива: Обука на 1 милијарда луѓе за две години за превенција од пожари, Македонија дел од земјите учеснички

Latest from Blog

Дортмунд со рутинска победа на стартот во Бундеслигата

ФОТО:facebook.com/BVB/ Фудбалерите на Борусија Дортмунд го победија Хамбургер со 2:0 на почетокот од Бундеслигата. Дортмунд оствари рутинска победа на домашен терен, а прашањето за победникот беше решено во првиот дел од натпреварот.

Побунети војници го нападнаа аеродромот и претседателската палата во Нигер (ВИДЕО)

Четири извори на Ројтерс изјавија дека бунтовни војници стојат зад нападот. Државната телевизија и радио престанаа да емитуваат околу 8 часот наутро по локално време. Воените власти апелираа за смиреност и рекоа

„ПОВЕЌЕ БИЗМАРК, ПОМАЛКУ ХИТЛЕР“, повеќе од 19, помалку од 20 век. Повеќе германска величина, помалку криминал

AfD сè уште држи над 40 проценти во анкетите на јавното мислење пред регионалните избори во Саксонија-Анхалт на 6 септември, а дебатата за можна забрана на AfD продолжува во Германија. Пред еден
Go toTop