Дубаи со голема глобална иницијатива: Обука на 1 милијарда луѓе за две години за превенција од пожари, Македонија дел од земјите учеснички

January 17, 2025
1 min read

На покана на генералниот директор за цивилна одбрана на Дубаи генерал Рашид Тани Рашид Ал Матрош и потполковник Др. Иса Ал Мутава главен офицер за вештачка интелигенција, раководител на глобалните индикатори за инциденти со пожари и директор на Одделот за мониторинг и инспекција во цивилната одбрана во Дубаи, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов и претседателот на мрежата на македонските доброволни противпожарни друштва Кирил Михајлов, од 14 до 16 јануари 2025 година во Дубаи учествуваа на Глобалниот настан за подигнување на јавната свест, превенција, обуки и опрема за противпожарна заштита.

Под покровителство на Неговото Височество Шеик Мансур бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум претседавач со Врховниот комитет за управување со кризи и катастрофи на Дубаи, Генералниот директорат за цивилна одбрана на Дубаи ја започнува иницијативата „1 милијарда подготвеност”. Станува збор за најголема глобална иницијатива за превенција на опасност од пожар со глобална програма да се подигне свесноста и да се подготват и обучат една милијарда луѓе во светот во периодот од 2025 до 2027 година.

ЦУК

Оваа иницијатива вклучува 34 земји и 18 големи противпожарни организации, нагласувајќи ја улогата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во подобрувањето на безбедносните системи на глобално ниво.

Директорот Ангелов на 14-ти месецов учествуваше на официјалното претставување на иницијативата и проектот „Конвој на надежта” за остварување на целите на иницијативата, со претставници на институции и меѓународни организации од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Австралија, Јапонија, Индија, Јужноафриканската Република и други.

-Оваа иницијатива ќе ја подигне глобалната свест за спречување на пожари и важноста на безбедносните процедури преку сеопфатни кампањи за подигање на свеста. Овие напори ќе бидат поддржани од специјализирани дигитални платформи достапни на повеќе јазици низ целиот свет. Дополнително, програмата ќе им обезбеди на учесниците електронски сертификати по завршувањето на обуките, издадени од страна на Глобалниот центар за следење на шумски пожари и Програмата за подготвеност за цивилна одбрана во Дубаи. На локално ниво, иницијативата ќе спроведе широки кампањи за подигање на свеста насочени кон сите сегменти на општеството, вклучувајќи поединци, владини институции, приватен сектор и училишта, за да дојдат до што е можно поширока свесност и знаење, вели генерал потполковник Рашид Тани Ал Матроши.

ЦУК

Ангелов и Михајлов остварија билатерални средби со домаќинот и со други високи претставници и учесници од владиниот и невладиниот сектор, а во рамките на програмата имаа можност да се запознаат со најновите достигнувања во опрема, и специфични вештини за противпожарна превенција и заштита со посета на Меѓународниот саем за противпожарна опрема, посета на Главниот команден и оперативен центар во Дубаи, Противпожарна станица како и посета на мобилна пловечка противпожарна станица со демонстрација на нејзината моќност како единствена во свет, пловечка противпожарна платформа.

ЦУК

Посебен акцент беше ставен на тренингот на пожарникарите, нивната противпожарна опрема и возила како и користењето на најсофистицирана опрема за следење, координација и справување со пожарите во Дубаи. Домаќините изразија подготвеност да помогнат на Македонија во опремување со модерна противпожарна опрема.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција си поднесе оставка

Следно

Конституирана Комисијата за одликувања и признанија

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop