Турскиот национален јавен сервис ТРТ ќе отвора канцеларии во сириската престолнина Дамаск

January 17, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот национален јавен сервис ТРТ ќе отвори канцеларии во сирискиот главен град Дамаск, со што вкупниот број канцеларии во странство ќе достигне 19, јавува Анадолу.

Иницијативата за отворање канцеларија, според информациите до кои дојде Анадолу, е започната по директива на генералниот директор на ТРТ, Мехмет Захид Собаџи.

Како дел од подготовките, ТРТ одржа разговори со Министерството за информации под сириската привремена администрација по падот на Асад, во врска со акредитацијата и официјалните процедури.

Канцеларијата ќе започне со работа откако ќе се обезбедат потребните дозволи, што ќе ѝ овозможи на ТРТ да дава теренско покривање на случувањата од Дамаск до светската јавност.

По долгата затвореност на Сирија поради граѓанската војна, минатиот месец Туркије повторно ја отвори својата амбасада во Дамаск, а следниот понеделник треба повторно да го отвори конзулатот во Алепо.

Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Следно

Ќе се пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце

Latest from Blog

Клучен енергетски објект што го снабдува Киев со греење и електрична енергија е погоден од руски балистички ракети

Енергетскиот објект и станбена зграда беа погодени во напад за кој претседателот рече дека дошол „без рано предупредување од  партнеритe“. Киев објави повеќе руски напади откако Трамп изјави дека Русија и Украина

Бурим Љатифи и МЕПСО со поддршка за подобри услови на Клиниката за торакална хирургија

АД МЕПСО донираше три милиони денари на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија во Скопје. Средствата се наменети за набавка на нови болнички кревети и подобрување на условите за престој и
Go toTop