Глумците Пеат – сценски спектакл на музиката и театарот

January 15, 2025
1 min read

На 8 април, со почеток во 20:30 часот, на сцената на Македонскиот народен театар, ќе се спојат музиката и театарот, во уникатното шоу Глумците Пеат. Организаторите најавуваат вечер исполнета со хумор, енергија и незаборавни изведби, а публиката ќе има можност да ужива во музички точки кои носат дух на едно гламурозно време.

На Глумците Пеат ќе настапат триесетина врвни актери од сите генерации, придружувани од биг-бенд составен од извонредни музичари. Режијата е на Дејан Пројковски, музичките аранжмани на Бобан Мирковски, кореографијата на Олга Панго, а под диригентската палка на маестро Љупчо Мирковски.

– Годинава сме инспирирани од филмската уметност и ќе ја исполниме сцената со ритам, страст и хумор, но детали ќе откриеме наскоро. Глумците Пеат е единствена независна продукција од ваков обем, каде сè почнува од празен лист хартија и сé се создава од нула. Се осмислува тема, се пишува сценарио, се подготвуваат аранжмани, и внимателно се избираат актерите и соработниците. Ова е продукција што бара темелна и прецизна подготовка, изјави организаторот.

Творец на шоуто Глумците Пеат е починатиот актер Марин Бабиќ, кој заедно со своите колеги во 1992 година сакал да покаже дека глумците, покрај тоа што глумат, знаат и одлично да пеат. Ова шоу се прави во чест на Светскиот ден на театарот, празник кој ги слави креативноста, слободниот дух и заедништвото помеѓу глумците.

Картите за овој единствен настан можат да се набават на билетарницата на МНТ и онлајн преку официјалната веб-страница на театарот. Местата се ограничени, па организаторите препорачуваат публиката да ги обезбеди своите карти навреме.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АКТЕРКАТА ТАМАРА РИСТОСКА ЌЕ УЧЕСТВУВА НА ПРОГРАМАТА ЗА ТАЛЕНТИ НА БЕРЛИНАЛЕ

Следно

Потпишан договор за електронска размена на податоци меѓу МВР и Јавното обвинителство

Latest from Blog

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop