Акар: „Над 20.000 Сиријци во Туркије доброволно се вратија дома по неодамнешните земјотреси“

February 21, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА) – Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, изјави дека над 20.000 Сиријци во Туркије се вратиле во својата земја преку границата по неодамнешните земјотреси во јужниот регион на Туркије, јавува Анадолу.

Говорејќи пред новинарите во јужната област Хатај, Акар ги отфрли тврдењата дека постои прилив на сириски бегалци во Туркије преку нејзината јужна граница, нарекувајќи ги „апсолутно невистинити“.

„Граѓаните на Сирија кои живеат во Туркије се враќаат во својата земја поради загубата на своите домови и роднини. Има сириски државјани кои од Туркије во својата татковина одат во еден правец. Во моментов оваа бројка надмина 20.000“, рече Акар.

Над 41.000 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што на 6 февруари ја потресоа јужна Туркије.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 11 области.

Неколку земји во регионот, вклучително и Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа потресите што ги погодија за помалку од 10 часа.

Силните потреси предизвикаа големи разурнувања и жртви во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Предлог во Албанија: Затворска казна до 5 години за напад или закана против медиумски работници

Следно

Путин: „Русија го суспендира своето учество од договорот за оружје Нов СТАРТ“

Latest from Blog

Македонија далеку под европскиот просек – еве колку годишно се троши за енергија

Според најновата анализа на Visual Capitalist, изработена врз основа на податоци од Меѓународната агенција за енергија (IEA), Македонија се наоѓа во долниот дел од листата на земји според годишните трошоци за енергија

Возиња со трансферот на кариерата, потпишува за Коло Коло

Откако стекна планетарна популарност со настапот на Мундијалот, за својата репрезентација на Зеленортските Острови, голамнот Возиња го прави и трансферот на кариерата. Потпишива за легендарниот чилеански фудбалск клуб Коло Коло.  Како што

Саудиска Арабија ги нападна Хутите, тие вратија со ракети (ВИДЕО)

Нападите беа одговор на поморската блокада наметната од групата поддржана од Иран и нејзините напади врз саудиските бродови. Саудиските власти подоцна издадоа вонредни предупредувања за покраината Џизан откако Хутите ја презедоа одговорноста
Go toTop