Обвинителството постапува за проверка по наводите за поднесената пријава од Град Скопје за цементарница „Усје“

January 14, 2025
1 min read

Две години откако е поднесена кривичната пријава до Цементарница „Титан УСЈЕ„ за значително аерозагадување, предметот и понатаму се наоѓа во предистражна постапка.

Инспекторатот за животна средина пред само 10 дена го доставил својот одговор до Основното јавно обвинителство за тврдењата на Град Скопје дека “Титан УСЈЕ“ загадува со ПМ10 честици и азотни оксиди.  Инспекторатот пак, тврди дека тие непосредно пред Нова година добиле барање од ОЈО да излезат на терен. 

– Во однос на постапката по поднесена пријава против цементарницата „Титан УСЈЕ„ надлежниот јавен обвинител постапува за проверка на наводите, при што презема повеќе дејствија. Пред 10-тина дена до обвинителството е доставен одговор од Државниот инспекторат за животна средина во врска со поднесено барање, а се прибираат и вербални искази. По целосно испитување на настанот, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука. – Основно јавно обвинителство.

Кривични дела против животната средина ретко се процесираат како итни, велат правните експерти, додавајќи дека доколку надлежните сами не одлучат да дадат приоритет, делата можат и со години да се наоѓаат во предистражна постапка за која нема ограничување колку може да трае. 

Во меѓувреме, Македонија се соочува со здравствена криза предизвикана од аерозагадувањето –-според Еуроњуз, државата го зазема првото место во Европа по смртни случаи предизвикани од аерозагадувањето, 1 од 9 бебиња во Македонија умира како директна последица од нездравиот воздух, велат од УНИЦЕФ а на годишно ниво според Светска Банка, Македонија губи скоро 4000 граѓани од загаден воздух. 

Сепак, според мерењата кои ги спроведува министерството за животна средина, кај скоро ниту едно од најголемите загадувачи како сулфур диоксид, азотни оксиди, амонијак, јаглерод моноксид и слично, не се детектирани годишни вредности кои му наштетуваат на човековото здравје. 

– Разликата во нашите мерења и светските е причината поради која има различни резултати, вели Беса Татеши од Министерството за животна средина во гостување во ТВ24 во ноември 2024. – Министерство за животна средина.

Според годишниот извештај на Основното јавно обвинителство, бројот на поднесени кривични пријави за дела против животната средина и природата во 2023 бележи намалување. Сепак, во текот на зимата повеќе градови низ Македонија како Скопје, Тетово, Струмица и Кичево, според швајцарската IQ Air, беа означени како населени места со воздух нездрав за дишење. 

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије го олеснува враќањето на Сиријците во нивната татковина преку трите гранични премини во Хатај

Следно

Прв состанок на заедничката косовско-српска комисија за исчезнати лица утре во Брисел

Latest from Blog

Солзите на Роналдо: Крај на сите надежи дека ќе се оствари најголемиот сон! (ФОТО)

ФОТО:printscreen За да бидеш најдобар на сите времиња, секако дека треба да освоиш и светска титула со својата репрезентација. Тоа го имаат Пеле, Марадона, Меси, но не Кристијано Роналдо. Ова е “Последниот

Обединетите Арапски Емирати ДИСКРЕТНО ГРАДАТ ВОЕНА БАЗА ВО НЕПРИЗНАЕНА ДРЖАВА

Далеку од очите на јавноста, на работ на Бербера, градежните работи се во полн ек. Крајбрежниот град во самопрогласената Република Сомалиленд, најпознат по своето ново пристаниште, економскиот крвоток на територијата, има уште

Утре нов обид за договор за Изборниот законик

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велат дека на утрешната средба ги очекуваат

Проданоски: Плоштадот „Александрија“ вечерва во знакот на фудбалот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва заедно со бројни граѓани присуствуваше на организираното јавно следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој се емитуваше на голем екран на плоштадот „Александрија“
Go toTop