Андоновски: Потребно е системско решение за платите во јавната администрација, протестите не се решение

January 13, 2025
2 mins read

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски смета дека проблемот со зголемувањето на платите во јавната администрација е комплексен и бара системско решение. Според него, решението е систем за плати којшто би овозможил вработени со исти компетенции да земаат иста плата. За утрешниот протест на вработените во осум министерства, Андоновски вели дека не треба веднаш да се оди на протест без да се разговара и да се најдат решенија.

Според Андоновски, генералниот проблем е што дел од министерствата и дел од институциите потпишале колективни договори со поединечни закони во изминатиот период, успеале да ги зголемат платите на одредени вработени во тие институции, додека, администрацијата во министерствата генерално е оставена на истите плати од претходно и го нема додатокот од 30 проценти.

– Оставено е секое Министерство само да решава како ќе се справува со проблемот. Единствено Министерство кое потпишало ваков колективен договор пред изборите е Министерството за финансии. Тоа е генералниот проблем, се носеле ад хок решенија, Собранието си ја зголемило својата плата, високото образование ја зголеми својата плата, УЈП, поединечни, парцијални решенија, рече министерот.

Вториот проблем, како што рече, е тоа што во Министерството за дигитална трансформација повеќе од 15 години има луѓе кои се оставени на работни позиции со средно образование, иако повеќе од пет години имаат завршено високо образование и кои во изминатите 12 години можеле да бидат унапредени.

– Не велам дека вработените не заслужуваат повисока плата. И ние размислувавме за 10 проценти скалесто зголемување следната година, 30 проценти понатаму. Но, сето тоа мора да дојде кога ќе бидат расчистени работите што ви се оставени како лошо искуство, посочи тој.

За утрешниот протест, вели дека тоа е демократско право, но дека не треба веднаш да се оди на протест, туку да се разговара и да се најдат излезни решенија.

– Неколку пати сум се сретнал со претставниците во синдикатот во моето министерство, УПОЗ и Сојузот на синдикати. Не мислам дека првиот одговор на некое неразрешено барање на синдикатите да биде штрајк и протест, секако, тоа е нивно право, но верувам дека не треба веднаш да се оди на протест без да се разговара и да се најдат излезни решенија. Тука сме, стоиме на располагање да продолжиме со дискусиите и да видиме како да ги надминеме проблемите, рече Андоновски.

На прашањето дали има пари со коишто на кој било начин би можело да се најде компромис, министерот одговори дека тоа е прашање за генералниот буџет.

– Тоа е сепак прашање за генералниот буџет на државата кој што го раководи Министерството за финансии. Мислам дека токму таму потенциравте каде е точката каде што треба да биде дискусијата, треба да биде меѓу сите засегнати страни да се најде системско решение, не треба да се бараат решенија парцијално во една институција, во едно министерство, затоа што тоа го прелева проблемот на другите институции, рече Андоновски.

Вработени од осум министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив утре ќе излезат на протест барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата. Претходно, вработените од Државното правобранителство стапија во штрајк со истите барања.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туризмот во Македонија расте: Зголемување на бројот на туристи за 8,3% во 2024 година

Следно

Митева: За 3% повисок економски раст во третиот и четвртот квартал

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop