Митева: За 3% повисок економски раст во третиот и четвртот квартал

January 13, 2025
1 min read

Портпаролот на Владата и членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, за Аргумент плус, рече дека третиот и четвртиот квартал е завршен со 3% економски раст во споредба со 2023 година, кога растот бил само 1%.

„За шест месеци Влада имаме навистина еден друг импулс кој што доаѓа од другиот начин на третирање на економијата во целина, односно од начинот на кој што ние ја гледаме економијата. А тоа е зголемен број на инвестиции, нешто што во минатото многу недостасуваше и многу беше зборувано од луѓето кои што работат во бизнис секторот и кои што ги засега делот со инвестициите“, рече Марија.

Таа додаде и дека Владата формирала и економско-социјален совет во кој што ги вклучиле сите засегнати страни во делот на економијата. Целта на советот е да се развие дијалог преку донесување на заедничка одлука зад кој Владата треба да застане.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Андоновски: Потребно е системско решение за платите во јавната администрација, протестите не се решение

Следно

Коцевски: Основното обвинителство Битола истражува шест тендерски случаи и јавни набавки

Latest from Blog

Ираола: Црвениот картон на Гравенберх го промени текот на дербито

Менаџерот на Ливерпул, Андони Ираола, смета дека исклучувањето на Рајан Гравенберх било клучниот момент во поразот од Манчестер сити со 0-3 на „Енфилд“. Гостите постигнаа три гола за 13 минути, откако домашниот

ТРАМП ПРОГЛАСИ ПРИМИРЈЕ. Зеленски е изненаден: Армијата доби наредба

Американскиот претседател Доналд Трамп одеднаш објави дека „„енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина ќе стапи на сила веднаш“. „Двете страни се согласија. Не го кршете! Ви благодарам за вниманието. Претседателе ДОНАЛД Џ.

Милан освои само бод на гости кај Сасуоло

Милан не успеа да стигне до победа на гостувањето кај Сасуоло, ремизирајќи 1-1 во натпреварот од шестото коло во Серија А. Росонерите први поведоа во второто полувреме, но домаќините брзо возвратија и
Go toTop