САД: Странските терористи во Сирија мора да ја напуштат земјата

January 11, 2025
2 mins read

ВАШИНГТОН (АА) – Вршителот на должноста државен потсекретар за политички прашања, Џон Бас, кој имаше средби во Анкара, рече дека ги разбираат безбедносните грижи на Туркије и дека странските терористи во Сирија треба да ја напуштат земјата, известува Анадолу.

По неговите состаноци во Анкара, американскиот заменик-државен потсекретар за политички прашања Бас преку телеконференција зборуваше со претставниците на печатот за неговата посета на Туркије и актуелните прашања поврзани со Сирија.

Истакнувајќи дека неговите контакти во Туркије биле „продуктивни и конструктивни“, Бас рече дека фокусот на разговорите бил врз „непречено продолжување на процесот на транзиција во Сирија“ и конкретните чекори што можат да се преземат во тој поглед.

Нагласувајќи дека ја разбираат загриженоста на Туркије во врска со борбата против тероризмот и безбедноста и дека работат во координација со Анкара по овие прашања, Бас истакна дека и двете земји се чувствителни во врска со регионалната стабилност.

– „Сирија не може да биде безбедно засолниште за странските терористи“

На прашањето на новинарот на АА за тоа дали е постигнат договор меѓу двете земји за „расчистување на елементите на ПКК/ЈПГ во Сирија“, Бас одговори:

„Како што изјави и (американскиот) државен секретар (Ентони) Блинкен, со турската Влада и со многу други влади се согласуваме дека Сирија не може и не треба да биде безбедно засолниште за странските терористички организации или странските терористи во иднина“.

„Веруваме дека сите странски терористи кои се во Сирија треба да ја напуштат земјата. Веруваме дека повеќето од овие лица минувајќи низ еден процес со нивните влади, на крајот треба да се вратат во државата или земјата од која потекнуваат и да се соочат со правдата за нивните постапки“, изјави американскиот дипломат.

Бас не прецизираше што точно мисли со терминот „странски терористи“ и не спомена дали оваа изјава се однесува и на терористичката организација ПКК/ЈПГ која во Сирија го користи името СДФ (Сириски демократски сили).

– „Не треба да претставува безбедносна закана за Туркије“

Наведувајќи дека најважниот елемент во процесот на транзиција во Сирија е „стабилноста“, Бас нагласи дека овој процес „не треба да претставува безбедносна закана за Туркије“ и дека ќе продолжат да соработуваат со Анкара во овој процес.

„Исклучително е важно да работиме заедно на оваа транзиција и заминувањето на странските терористи“, рече Бас и додаде: „Треба да се погрижиме овој процес да не предизвика натамошна нестабилност во Сирија и да се ​​спречат нови можности ДЕАШ повторно да извршува терористички активности.“

– „САД се во Сирија за да се борат против ДЕАШ“

Тврдејќи дека американското воено присуство во Сирија има за цел „да се спречи повторното појавување на ДЕАШ како регионална закана“, заменик-потсекретарот на САД рече дека соработката со ПКК/ЈПГ, исто така, е во рамките на „борбата против ДЕАШ“.

Бас изјави дека „странските терористички елементи, вклучително и ПКК, повремено ја искористуваат ситуацијата во Сирија“ и дека оваа ситуација не треба да претставува закана за соседите на Сирија, особено не за Туркије.

Бас рече дека ќе се обидат да дадат што е можно поголема поддршка во процесот на транзиција во Сирија и дека имаат за цел да преземат чекори кои ќе ја зголемат безбедноста низ целата земја и ќе ги подобрат условите за сите Сиријци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Не помина ни интерпелацијата за Исени

Следно

Ентони Џошуа јавно го предизвика Тајсон Фјури

Latest from Blog

Најмалите деца најмногу шират вируси

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново

Филипче најави: Ќе се моли по мали партии, дали на повидок е КОАЛИЦИЈА СО ЛЕВИЦА?

Претседателот на СДСМ и воедно најголем губитник на локланите избори, најави дека ќе отвора широкфронт против власта, односно во превод – соочен со немоќта на сопствената партија во распад, сега ќе ги

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска изјави за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ дека треба да „обезбеди мапа на патот“ за тоа
Go toTop