Слободниот снимател на АА Саид Абу Набхан е убиен во израелски напад на Газа

January 10, 2025
1 min read

ГАЗА / ИСТАНБУЛ (АА) – Саид Абу Набхан, слободниот снимател на Агенција Анадолу (AA) во Газа, е убиен во напад на израелската Армија со оружје со долга цевка, известува Анадолу.

Израелската Армија ја опколи и пукаше кон областа каде што се наоѓаа голем број новинари во бегалскиот камп Ал-Џадид во регионот Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.

На снимките направени од местото на настанот се гледа како хуманитарните работници на носилки забрзано од една куќа извлекуваат повредено лице, додека кон Абу Набхан, кој бил во близина и потрчал следејќи го целиот настан со својата опрема, пукано е од спротивен правец, веројатно со оружје со долга цевка.

Абу Набхан паднал на земја и откако останал неподвижен неколку секунди, лицата во околината тешко можеле да му пријдат од страв дека можат да бидат цел на истрелите на израелската Армија.

Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА во веста што се однесува на овој напад објави дека е убиен новинарот Саид Абу Набхан.

Новинарот Саид Абу Набхан (25) беше оженет и татко на едно дете.

Од друга страна, се наведува дека најмалку едно лице го загубило животот во бомбардирањето на израелските воени авиони врз куќа во населбата Шуџаија во Газа, а загинатиот и повредените се пренесени во Баптистичката болница Ал-Ахли.

Со смртта на Абу Набхан, бројот на убиени новинари во нападите на израелската Армија врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 203.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година, убиени се 46.006 Палестинци, од кои приближно 17.841 се деца и 12.298 се жени, а 109.378 се повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ за интерпелацијата на Даути: Парламентарното мнозинство презеде срамен и реваншистички акт

Следно

Кој подготвува терен за бегство на Крмзов? Доказите за криминалот се обезбедени, ама некој не сака да се меша во својата работа

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop