Петте интерпелации на расправа, СДСМ нема да гласа за ниту една интерпелација и ја напушти седницата

January 10, 2025
1 min read

На првата седница за оваа година пред пратениците се 5-те интерпелации. Прва точка е интерпелацијата на Илире Даути поднесена од Левица за оценување на нејзината работа како претседателката на Комисијата за социјални политика и откако таа одлучи да не го стави на дневен законот за бранители.

„Претседателката на Комисијата за социјална политика противделовнички не одржа седница на Комисијата кога за тоа беше задолжена од претседателот на Собранието. Не свика седница за законот за бранителите кога тоа од неа ја побараа една третина од членовите на Комисијата, согласно член 126 став 2 од Деловникот на Собранието“, рече Амар Мециновиќ од Левица.

Даути пак рече дека оваа интерпелација има за цел да покаже демонстрирање на сила и диктат кон работата на пратениците кои различно размислуваат.

„Нема да прифатам еден дел од популацијата да не се третира на еднаков начин иако се тие еднакви учесници и во државата и во буџетските приходи. Најдовте токму нашето барање за да ги третираме и војниците на ОНА еднакво како и безбедносните сили, ова ви беше причина за да покренете интерпелација? Какви лудости.“, рече Даути.

За аргументациите на 4-те иницијативи за интерпелации од Европскиот фронт пред почетокот на седницата со став излезе Рина Ајдари.

„Во последниот период сведоци сме на зголемување на тензиите меѓу етичките заедници особено по неколку процеси, провокации и насилни настани што се случија во земјава вклучително во Скопје и во Куманово. Она што е повознемирувачко е начинот на кој оваа ситуација беше менаџирана од Владата предводена од функционери кои не успеаја да го одржат мирот и да обезбедат меѓуетнички соживот“, изјави Ајдари.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски на почетокот на седницата рече дека тие нема да поддржат ниту една интерпелација бидејќи имаат за цел нови етнички поделби, а нема да ја поддржат ниту онаа за Илире Даути која го блокираше законот за бранители кои тие го предложија, бидејќи сметаат дека единствен виновник е Африм Гаши. По ова пратеничката група ја напушти седницата.

„Сметаме дека не треба да се поддржат интерпелациите и затоа СДСМ нема да учествува во оваа расправа бидејќи не е место во парламентот во кое што треба да се поттикнува меѓуетничките тензии и основата на интерпелациите лежи во една таква дебата во која што треба да се отвори. Исто нема да ја поддржиме интерпелацијата за Илире Даути“, изјави Спасовски.

Сите 5 интерпелации, дебатата и нивното гласање треба да завршат до вечерва до 24 часот.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поништен огласот за вработување во Липково по претставката за дискриминација од министерот Минчев

Следно

Старите лични карти без „Северна“ ќе важат и за патување во земјите со кои Македонија има билатерални договори

Latest from Blog

Коњановски пред студентите во Битола: Вратите на Општината се отворени за младите

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска се обрати пред студентите од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, на форум посветен на функционирањето на локалната самоуправа, предизвиците во работењето

Проданоски: Прилепските пожарникари се херои кои секогаш се на првата линија

По повод 20 Мај – Денот на пожарникарството, во Прилеп беше одбележан празникот со пригоден настан, презентација на опрема и показна вежба на Територијалната противпожарна единица. На настанот присуствуваше и градоначалникот на

Одбраната во случајот „Пулс“ бара целосен увид во доказите презентирани на судењето

Во судскиот процес „ПУЛС“, одбраната упати серија приговори на начинот на кој се изведуваат доказите, откако беше потврдено дека тие не се физички присутни во судницата за време на главната расправа. Судијата

Од нуклеарна енергија до кинематографија: ПУТИН И СИ ГИ ПРОДЛАБОЧУВААТ БИЛАТЕРАЛНИТЕ ОДНОСИ

Двете страни усвоија 20 документи, од кои некои беа потпишани од лидерите на двете земји, пренесува агенцијата РИА Новости и додава дека, конкретно, Путин и Си објавиле заедничка изјава за понатамошно зајакнување
Go toTop