Германскиот канцелар Шолц го блокира финансискиот пакет за помош на Украина вреден милијарди евра

January 10, 2025
1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германскиот канцелар Олаф Шолц го блокира финансискиот пакет за помош на Украина вреден милијарди евра поради несогласувањата со министерката за надворешни работи Аналена Бербок и министерот за одбрана Борис Писториус, објави денес германскиот неделен магазин „Шпигел“, пренесува Анадолу.

Според информациите, Бербок и Писториус сакаат итно да се обезбеди дополнителен буџет од околу 3 милијарди евра за испорака на оружје на Украина пред парламентарните избори во Германија закажани за 23 февруари. Но Шолц смета дека тоа е непотребно.

По распадот на коалицијата на социјалдемократите, зелените и слободните демократи во ноември, Бербок и Писториус веќе почнале да го подготвуваат новиот пакет помош за Украина.

Во него се вклучени три дополнителни системи за противвоздушна одбрана Ирис-Т, дополнителни ракети Патриот, десет самоодни хаубици и муниција за артилерија.

Бербок и Писториус тврдат дека ваквата поддршка би била важен сигнал за Киев, покажувајќи му дека германската воена помош нема да престане, особено со оглед на влошената воена позиција на Украина последниве месеци.

Сепак, канцеларијата на Шолц неформално сигнализирала дека не го поддржува планот за дополнителен буџет, тврдејќи дека не сака идната германска влада да се најде пред свршен чин.

Шолц смета дека нема итна потреба од оваа мерка бидејќи Киев веќе има на располагање доволно средства од Германија за оваа година.

Во привремениот буџет за 2025 година се предвидени околу 4 милијарди евра воена помош за Украина, а дополнително Киев може да се потпре на фондот од 50 милијарди долари обезбеден од Г-7, финансиран од замрзнатите руски државни средства.

Според официјални податоци, од почетокот на војната меѓу Русија и Украина во февруари 2022 година Германија испорачала или наменила оружје за Украина во вредност од 28 милијарди евра.

Во воената помош се вклучени напредно оружје и опрема, како борбени тенкови Леопард 2, противвоздушни тенкови Гепард, борбени возила Мардер и системи за противвоздушна одбрана Патриот и Ирис-Т.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Владата веќе донесе Акциски план за чист воздух со мерки кои се имплементираат, за значително да се намалат штетните честички потребно е и изградба на гасна централа

Следно

Леао црпи инспирација од Ибрахимовиќ

Latest from Blog

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за
Go toTop