ВМРО-ДПМНЕ: Владата веќе донесе Акциски план за чист воздух со мерки кои се имплементираат, за значително да се намалат штетните честички потребно е и изградба на гасна централа

January 10, 2025
1 min read

Борбата против загадувањето, посебно на воздухот, е долг процес кој бара стратешки пристап. СДС за време на седум годишното владеење не направи ништо и не преземаше никакви мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Да направеа нешто, како што впрочем сега од опозиција тврдат, до сега веќе би ги почувствувале првите резултати и Скопје и другите македонски градови, со сигурност, немаше да бидат лидери на европските и светски листи по загаденост на воздухот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во однос на борбата против загадувањето, СДС буквално ги проспаа седумте години на власт и сега за шест месеци очекуваат чуда да се случат и воздухот наеднаш да стане чист без штетните честички. Кога СДС предлагаат некои мерки добро е да се информираат, или барем да изгуглаат, па ќе видат дека тие мерки што ги предлагаат како итни, веќе се донесени и се имплементираат. Владата веќе донесе Акциски план за чист воздух за период 2024-2025 година, кој вклучува имплементација на краткорочни мерки на национално ниво за намалување на емисиите на цврсти и штетни честички. Овој Акциски план е изработен од Министерството за животна средина и просторно планирање и е донесен 21 ноември 2024 година. Во него се предвидени сите мерки кои СДС сега како загрижена опозиција ги предлага, како што се правилно користење на огревното дрво за затоплување на домовите, вонредни инспекциски надзори на инсталации со А и Б интегрирани еколошки дозволи, вонредни контроли на станиците за технички преглед на возила, вонредни контроли на техничката исправност на возилата, редовно чистење на атмосферските шахти и миење на улиците и тротоарите, вонредни контроли на градилиштата, строга забрана за горење на отворено и така натаму, велат од партијата.

Исто така, се доделија и ваучери за инвертер клими со цел промена на начинот на затоплување на домовите и истата мерка ќе продолжи и годинава.

-Освен овие краткорочни мерки кои се на сила и се спроведуваат, за да се реши проблемот со загадувањето потребни се и долгорочни мерки и инвестиции како што е изградба на гасна централа, која ќе овозможи еколошки и пристапен за сите начин на затоплување на домовите и конкурентна енергија за стопанството и индустриските капацитети. За изградба на една ваква централа, веќе има заинтересиран инвеститор и ВМРО-ДПМНЕ интензивно работи што побрзо да се дојде до договор и до нејзина реализација, велат од владејачката партија.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инспектор нападнал началник во ОВР Радовиш – доби кривична пријава и суспензија

Следно

Германскиот канцелар Шолц го блокира финансискиот пакет за помош на Украина вреден милијарди евра

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop