Јунајтед нуди размена Рашфорд-Кварацхелија

January 10, 2025
1 min read

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за потписот на Хвича Кварацхелија. Според „Екип“, идејата на „црвените ѓаволи“ е да му понудат на Наполи трампа во која би го добиле Грузиецот, а Маркус Рашфорд би заминал во Неапол.

Рашфорд сигурно нема да остане на „Олд Трафорд“, но се уште не е јасно дали ќе се најде купувач за него во јануари или разделбата ќе се случи на лето кога ќе му истече договорот. Меѓу кандидатите за англискиот репрезентативец се Милан, Комо и Вест Хем, но сите тие би имале проблем со неговата огромна плата.

Со Кварацхелија ситуацијата е поинаква. Тој е врзан за Наполи до 2027 година, но јасно стави до знаење дека не сака повторно да потпише и сега „партенопеите“ се пред задача да го продадат за што повеќе пари. Веќе се водат преговори со Пари Сен Жермен, а сумата која се споменува е 80 милиони евра.

Според некои извори, Грузиецот е во процес на преговори за личните услови со францускиот гигант. Доколку се пресели во ПСЖ ќе зема 4 пати поголема плата од таа во Наполи.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илјадници домови уништени од шумските пожари во Лос Анџелес, властите потврдија 10 смртни случаи

Следно

Делегација на „Туркиш ерлајнс“ на разговори во сирискиот главен град

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop