Илјадници домови уништени од шумските пожари во Лос Анџелес, властите потврдија 10 смртни случаи

January 10, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Шумските пожари што дивеат низ подрачјето на Лос Анџелес, САД, уништија илјадници домови, а билансот на жртви се искачи на 10 лица, јавува Анадолу.

Пронајдени се тела на две жртви во пожарот во Палисејдс, а властите продолжуваат со потрагата, изјави началникот на пожарникарите од Округот Лос Анџелес за повеќе медиуми.

Претходно официјални лица предупредија дека бројот на жртви ќе се зголемува бидејќи истражните тимови и кучињата обучени за откривање жртви пребаруваат по многубројните руини низ Лос Анџелес.

„Сè уште се чека идентификација за сите случаи и известување на најблиските роднини“, соопшти Одделот за медицинска експертиза на Округот Лос Анџелес.

Петтиот пожар, познат како пожар Кенет, првпат бил пријавен во 15:34 часот по локално време во близина на границата меѓу Округот Лос Анџелес и Вентура. Тој брзо се прошири и зафати 389 хектари за помалку од половина ден.

Пожарот Палисејдс, кој прв избувна во вторникот, стана најголем пожар уништувајќи речиси 8.093 хектари.

Пожарот Итон, кој започна по само неколку часа уништи 5.540 хектари околу планинскиот град Алтадена.

Пожарот Палисејдс моментно е 6 % под контрола откако пожарникарите успеале да почнат со воздушните операции по смирувањето на силниот ветар.

Од друга страна, пожарите Итон и Кенет и натаму целосно се надвор од контрола (0% под контрола).

Пожарникарите постигнале одреден напредок кај два помали пожара – пожарите Хурст и Лидија.

Според весникот „Лос Анџелес тајмс“, пожарите Палисејдс и Итон досега оштетиле или уништиле околу 9.000 објекти, меѓу кои домови, бизниси, други згради и мобилни куќи.

Финансиската компанија „ЏП Морган“ соопшти дека пожарите се најскапи во историјата на Калифорнија, економските загуби се проценуваат на речиси 50 милијарди долари, а осигурителните загуби би можеле да надминат 20 милијарди долари.

– Сомнение дека пожарот Кенет бил подметнат –

Во меѓувреме полицијата потврди дека осомничено лице е приведено во областа Вудленд Хилс во врска со пожарот Кенет, кој избувна вчера попладне на ридовите на Западен Холивуд и досега зафати над 323 хектари.

Причината и мотивот сè уште не се познати.

Полициската управа во Лос Анџелес, наводно, започнала истрага за подметнување пожар во Виктори Трејлхед, каде што започнал пожарот, третирајќи ја областа како место на злосторство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп, на 18-ти јануари заминува во посета на САД

Следно

Јунајтед нуди размена Рашфорд-Кварацхелија

Latest from Blog

Лука Модриќ урна рекорд – стар 64 години!

Фото: ФЦ Милан Х Фудбалерите на Милан ја победија Болоња со 1:0 во натпреварот од третото коло на Серија А. Единствениот гол го постигна Лука Модриќ, кој дебитираше во дресот на својот

Сончево со мала облачност и ветер

Во раните утрински и претпладневни часови во источните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот
Go toTop