„Русија внимателно ги следи територијалните претензии на САД кон Гренланд, Канада“

January 9, 2025
1 min read

МОСКВА (АА) – „Русија има интереси на Арктикот“, соопшти официјален Кремљ, известува Анадолу.

Ова го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, како одговор на заканите на Доналд Трамп дека воено ќе го заземе Гренланд.

Песков изјави дека Русија, која има најдолго крајбрежје од сите земји лоцирани во арктичката зона, внимателно ги следи драматичните случувања, за кои, како што наведе, Кремљ засега, за среќа, останува на ниво на изјави.

„Арктикот е исто така област на нашите национални интереси. Сакаме да го одржиме мирот и стабилноста во регионот на Арктикот“, истакна Песков.

Песков наведе дека треба да се консултираат граѓаните на Гренланд за тоа што сакаат. Во исто време, тој потсети на руската анексија на четири украински региони во 2022 година врз основа на референдуми што Украина и нејзините западни сојузници не ги признаваат.

„Би требало да покажеме иста почит кон мислењето на овие луѓе“, додаде Песков.

Портпаролот на Кремљ рече дека американските обиди за стекнување на Гренланд, кои датираат уште од 19 век, се работа на Соединетите Држави и Данска, но додаде дека Европа на зборовите на Трамп реагира „многу претпазливо“.

„Европа реагира претпазливо, тивко, речиси со шепот. Се разбира, се плаши да каже нешто за зборовите на Трамп“, нагласи Песков.

Ставовите на Москва дојдоа по неодамнешните тврдења на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за заземање на Гренланд, контрола на Панамскиот канал, анексија на Канада и преименување на Мексиканскиот залив во Американски залив, со што ја вознемири меѓународната заедница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Затворен за сообраќај мостот на реката Вардар кај Башино село, поради магла намалена видливост кај Тетово-Гајре, Кочани и Струмица

Следно

24 интервју со Трпе Деановски: Администрацијата на протест во вторник

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop