Затворен за сообраќај мостот на реката Вардар кај Башино село, поради магла намалена видливост кај Тетово-Гајре, Кочани и Струмица

January 9, 2025
1 min read

Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај, информираа попладнево од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Поради појава на магла, намалена видливост од 50-60 метри има од Тетово до село Гајре, Кочани и Струмица.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Заобиколувањето на химната не е голема греда“ – Јаневска: Никој никому не може да му забрани да ја слуша и пее химната

Следно

„Русија внимателно ги следи територијалните претензии на САД кон Гренланд, Канада“

Latest from Blog

Проданоски: Нашата цел е младите да создаваат бизниси и да отвораат работни места во Прилеп

Младите се најголемиот потенцијал на Прилеп и нивните идеи можат да бидат основа за нови бизниси, работни места и развој на градот, порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски. Проданоски денеска присуствуваше на првиот

Продолжува војната на Трамп со медиумите: Блокиран пристапот на Си-Ен-Ен до претседателскиот авион

Си-Ен-Ен требаше да патува со Доналд Трамп во Тенеси на натпревар во колеџ-фудбал, соопшти мрежата во петокот. Белата куќа ја потврди исклученоста на Си-Ен-Ен кога не ја вклучи мрежата во известувањето испратено
Go toTop