„Заобиколувањето на химната не е голема греда“ – Јаневска: Никој никому не може да му забрани да ја слуша и пее химната

January 9, 2025
1 min read

Одредбата која предвидува интонирање на химната во училиштата да се тргне од предлог законот за средно образование, а ова според министерката, Весна Јаневска не претставува некој голем проблем.

Новиот предлог-закон беше повлечен од Собранието, бидејќи не беше добро прифатен ниту од владејачките партнери ВРЕДИ, ниту од опозицискиот Европски фронт. Јаневска рече дека се уште се работи на неколку членови, а предлог законот ќе биде готов во периодот од 20 до 25 јануари, по што повторно ќе биде доставен до Собранието.

Блерим Беџети од Европскиот фронт, прашан што би направиле доколку се врати законот со одредбата за химната, рече дека остануваат на истиот став.

„Нашиот став е цврст и конзистентен, ниту едно решение што наметнува моноетничност и го нарушува духот на меѓуетничкиот соживот не е прифатливо, особено законските решенија кои се однесуваат на помладите генерации. Овој закон е чекор назад во оваа насока и неприфатлив за мултиетничка држава како Северна Македонија.“, вели Беџети.

Министерката Јаневска денеска посочи дека во моментов нема комуникација со Европскиот фронт по ова прашање, но имала претходно кога таа била присутна во Собранието. Потврдува дека се во комуникација со владејачките партнери ВРЕДИ во врска со новиот нацрт-текстот кој повторно ќе биде доставен на одобрување.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: Очајнички се обидите на ДУИ да ги оцрни функционерите во Владата

Следно

Затворен за сообраќај мостот на реката Вардар кај Башино село, поради магла намалена видливост кај Тетово-Гајре, Кочани и Струмица

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop