Алонсо: Навикнат сум да не бидам во најдобриот болид

January 8, 2025
1 min read

Двократниот светски шампион во Ф1, Фернандо Алонсо, најде интересна перспектива за борбите на тимот во сезоната 2024 година, поради која Астон Мартин заостанува зад лидерите и се најде на средината на гридот – големо назадување во перформансите на тимот во однос на 2023 година.

-Не ми е тешко да најдам мотивација. Постојано се натпреварувам. И веќе се навикнав да го немам најдобриот болид. За 25 години во спортот ова ми се случи само еднаш – кога возев за Тојота во Светскиот шампионат во издржливост, така што дефинитивно не ми недостасува мотивација, објасни Алонсо.

Шпанецот додаде дека новиот изглед на календарот во Формула 1 со 24 тркачки викенди практично не дозволува ниту еден пилот да се опушти и ако тоа се случи, тогаш тој најверојатно има некои проблеми. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анадолу од дрон сними бетонски Т-блокови наредени во близина на сириско-турската граница

Следно

Македонската влада чека политичка влада во Софија за деблокада на евроинтеграциите

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop