СЛИКАМ КАКО ЏЕЗ МУЗИЧАР, ВЕЛИ СЕРГЕЈ АНДРЕЕВСКИ, КОЈ ЌЕ БИДЕ АВТОР НА ПЛАКАТИТЕ НА КОНЦЕРТИТЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ-ОРКЕСТАР

January 8, 2025
1 min read

Реномираниот сликар Сергеј Андреевски ќе биде автор на дизајните на плакатите за концертите на Националниот џез-оркестар (НЏО).

„Неговото творештво се движи во границите на постекспресионизмот, а импровизацијата и слободата на изразувањето се едни од главните одлики на џез музиката, па вксрстувањето на нашите сродни сензибилитети веруваме дека неминовно ќе вроди со плод“, соопштија од Оркестарот.

Андреевски, уметник со меѓународна кариера, вели дека слика како џез музичар, дека е сликар кој често патува и сонува низ светот, вкрстувајќи ги четките и насочувајќи ги своите потези кон сонцето.

„Светот е моето ателје. Мојата творечка припадност е стилот на постекспресионизмот, а тоа е бесконечна слобода на изразувањето. Звукот е мојот партнер при создавањето. Особено џезот; оти јас кога сликам, импровизирам – не случајно велам дека сликам како џезмузичар“, вели Андреевски.

Андреевски има реализирано над 60 самостојни претставувања низ светот меѓу кои изложбата „Неизложени дела на хартии,“ Општинска галерија Ремецо во Каламариа, Солун,  „АЗБУКА“ во Народен музеј „Конак Кнегиње Милице“, Белград, а изложувал и во Јапонија, САД. Бил дел и од над 200 групни претставувања низ светот.

Основач на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт поинт – Гумно“, со седиште во сeло Слоештица, каде што е и куратор на Меѓународната уметничка резиденција и колонија, што успешно се реализира од 2003. Добитник е на повеќе награди и признанија. Неговите дела се дел од поставките на државни институции, музеи и приватни колекционери низ светот.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Христовски нема сертификат од НАТО, уште  една лага на власта, обвинуваат од СДСМ

Следно

Трошоците за живот во 2024 година со раст од 3,5% – ДЗС: Цените на мало се зголемени за 3,8%, инфлацијата расте

Latest from Blog

Стабилизирани цените на горивата: Владата спречи ценовен шок и ги заштити граѓаните и економијата

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани на денешната сесија – МБИ10 со благ пад од 0,07%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 23 март 2026 година, индексот МБИ10 забележа пад од 0,07% и заврши на 9.949,44

Намален ДДВ, стабилни цени – Владата го ублажи ударот врз граѓаните

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека со одлукaта на Владата и постапувањето на надлежните институции, се потврди клучната цел – спречено е поскапување на горивата и постигната
Go toTop