(ВИДЕО) Во синоќешните земјотреси во Турција и Сирија загинаа најмалку 11 лица

February 21, 2023
1 min read

Турската управа за итни случаи и природни катастрофи соопшти дека земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погодиле синоќа провинцијата Хатај и биле проследени со најмалку 32 последователни потреси

Во синоќешните земјотреси во Турција и Сирија загинаа најмалку 11 лица, јавија денеска локалните медиуми, додека се чекаат официјални податоци за бројот на жртвите.

Најмалку шест лица загинаа, а речиси 300 се повредени во двата земјотреси на југоистокот на Турција, пишува турскиот весник „Хуриет“.

Според весникот, повредени се најмалку 294 лица, од кои 18 се во тешка состојба, пренесе ТАСС.

Турската управа за итни случаи и природни катастрофи соопшти дека земјотреси со јачина од 6,4 и 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погодиле синоќа провинцијата Хатај и биле проследени со најмалку 32 последователни потреси. Потресите се почувствувани и во Сирија, Кипар, Грција, Египет, Израел и Либан.

Во вчерашниот земјотрес во Сирија загинаа пет лица во неколку градови, објавија арапските ТВ станици.

Како што наведува Ал Арабија, четири лица загинале вчера во Сирија во стампедо предизвикано од паниката предизвикана од земјотресот во градовите Алепо и Тартус, а уште една жена го загубила животот во Латакија. Некои луѓе имале и срцев удар.

Скај њуз Арабија објави дека луѓе скокале од прозорците од страв да не бидат затрупани под урнатините, пренесува ТАШ.

Медиумите засега различно известуваат за бројот на повредени во вчерашниот земјотрес во Сирија. Скај њуз објави дека повеќе од 100 луѓе се повредени во Латакија, а ТВ Ал Хадат јавува дека 470 луѓе се повредени низ цела Сирија, вклучувајќи ги и областите под контрола на опозицијата.

Според сеизмолозите, станува збор за последователен потрес по разорниот земјотрес на 6 февруари, во кој животот го загубија повеќе од 47 000 луѓе во Сирија и Турција.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сменето обвинението против Алек Болдвин: Наместо минимум 5 години, сега може да добие најмногу 18 месеци затвор

Следно

Најмалку 11 загинати во новиот земјотрес во Турција и Сирија, 18 повредени се во тешка состојба

Latest from Blog

Мурињо во одбрана на Вини: Тој не е во најдобра форма, но дава се од себе и заслужува почит

Тренерот на Реал Мадрид испрати јасна порака до навивачите по победата над Интер. Жозе Мурињо застана во одбрана на Винисиус Жуниор откако Бразилецот повторно беше на удар на дел од навивачите на

ЦЕЛОСЕН ХАОС ВО ОРМУЗ – Гори енергетската артерија на светот

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти денеска дека неговите сили гаѓале два американски брода и осум нафтени танкери во Ормускиот Теснец. Во соопштението што го пренесе полуофицијалната иранска новинска агенција

Адвокатот на Линдзи Кленси бара од Трамп да ја помилува, иако таа призна дека си ги убила своите три деца (ВИДЕО)

„Господине претседателе, се надевам дека ќе размислите за тоа каква личност е оваа млада жена, низ што поминала и ќе ја разгледате можноста за помилување“, рече адвокатот Кевин Редингтон во интервју за

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа
Go toTop