Традиционалните македонски имиња се губат пред бранот на помодарството

January 7, 2025
1 min read

Ена, Леа, Еа, Теон, Јон, Кај… нетипични имиња за македонскиот простор, ама се повеќе се среќаваат. Многу нови родители, трудејќи се да бидат во тренд со модерните текови даваат имиња на нивните бебиња кои може да се слушнат во странство, ама не и дома. Глобализацијата и брзиот пристап до светските влијанија се повеќе ги потиснува традиционалните македонски имиња, анализира Алфа.

„Странските имиња во нашата средина од секогаш биле присутни. Сега имаме некоја поголема употреба на странски имиња во однос на тие традиционални имиња. Можеби во поново време, она што се забележува како тренд е дека полека се напушта онаа традиција кај нас да се именуваат децата по нивните предци“, вели Елка Јачева – Улчар, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Старите македонски имиња во одредени традиционални и патријахални семејства сè уште се користат како симбол за зачувување на идентитетот.

„Сè уште во некои по традиционални и по патријахални семејства сè уште е жива таа традиција. Во однос на именувањето на крштевањето деца кај нас и натаму најчести имиња се кај машките се Александар, и имињата по четворицата евангелисти од новиот Завет, значи Матеј, Марко, Лука, Јован, а кај женските убедливо сè уште води името Марија“, децидна Јачева – Улчар.

Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година.

„Во однос на изборот на личното име, нашиот закон е во голема мера либерален, да каже ме, не е така како што е во некои други европски земји, еве да рече ме, Русија, имаат еден список на имиња по кој се крштеваат децата, кај нас постојано се обновува“ кажа Елка Јачева – Улчар, директор на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Новите, модерни имиња се само еден дел од трендот со кој се повеќе се оддалечуваме од традициналните форми на македонскиот јазик. Се почесто се забележува формата СКИ и кај женските презимиња, односно при стапување во брак многу жени во целост го преземаат презимето од сопругот, па така имаме примери како Ана Петреска Трајкоски, Марија Тодороска Димески, Теодора Касовска-Мирчев, Елизабета Васев.

Професорката Елка Јачева – Улчар смета дека тоа се должи на еден вид помодарство кое не е ниту во духот, ниту во традицијата на македонскиот јазичен систем. Во време во кој жените се борат за својата независност, рамноправност и еднаквост, а сакаат да ја истакнат и својата посебност, со ставањето на машката форма на презимето се чини како да го прават спротивното, пренесе Алфа.

Прилогот на телевизијата погледнете го во продолжение:

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

УЕФА може да воведе санкции за ПСЖ поради долг кон Мбапе

Следно

Бабунски повеќе не е играч на швајцарски Грасхоперс

Latest from Blog

Македонската берза во црвено: МБИ10 падна за 0,36%, Комерцијална банка со најголем промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 25.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.585,45 поени. Во однос

Божиновска: Скопје се враќа на мапата како регионален центар за енергетска соработка

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, во соработка со Обединетите нации, UNDP и UNECE, годинава ќе биде домаќин на Форумот за зелена транзиција на Западен Балкан, со кој Скопје повторно се

Честитки за Босна и пласманот во елиминациите, Бразил дефинитивно е еден од фаворитите

Завршницата на групната фаза од тековниот Мундијал во САД, Мексико и Канада е во полн ек. Третото коло минува, дел од репрезентациите слават пласман понатаму, а дел од нив веќе ги пакуваат

Моменти на ужасот во Венецуела: Бројот на жртви нагло се зголеми- УСГС предвидува 10.000 загинати (ВИДЕО)

Засега во земјотресите загинале 164 лица, додека Геолошкиот институт на САД, УСГС,  предвидува дека црниот биланс би можел да достигне до 10.000. Así se vio el Terremoto en caracas VENEZUELA, La pastora se

Муцунски – Гоунтанис: потврдена заедничката посветеност за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис. Во фокусот на разговорот беа тековните активности поврзани со
Go toTop