Првиот бил со јачина од 6,4, а вториот 5,8 степени. Двата се случиле во временски интервал од околу три минути
Два нови силни земјотреси вечерва повторно ја погодија Турција. Тие биле регистрирани во јужниот дел од земјата во регионот на Хатај.
Според државната Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) еден од земјотресите се случил вечерва во 20:04 часот по локално време во областа Дефне, во провинцијата Хатај и бил со јачина од 6,4 степени.
Вториот силен земјотрес, според новинската агенција Анадолија, е регистриран три минути подоцна во Самандаг, исто така во Хатај, со јачина од 5,8 степени.
Пред точно две недели, на 6 февруари, земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентар во Кахраманмарс погодија 10 турски провинции, а разорни последици имаа и во Сирија.
Според официјалните податоци, досега најмалку 41 000 луѓе се загинати, а ијладници повредени.
Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN
Извор: 360stepeni.mk