Нови повисоки цени на туристичката такса за отпорност на климатски кризи во Грција

January 2, 2025
1 min read

Новите повисоки цени на таксата за отпорност на климатски кризи во туристичките објекти во Грција, стапуваат во сила оваа година, односно за време на туристичката сезона од април до октомври, а во зависност од видот на сместувањето, таксата е од половина до пет евра поскапа, јави дописничката на МИА од Атина.

Промените на цените, како и воведувањето на новата такса за патниците од крузерите ги соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на септември од Меѓународниот саем во Солун, додека пак минатиот месец беа објавени во Службен весник на Грција и од вчера стапија во сила.

Согласно законските одредби што ги анализира МИА, во периодот од април до октомври, за хотелите со една и две ѕвезди и за собите за изнајмување, таксата ќе биде две евра наспроти евро и половина колку што беше лани.

За две евра поскапа ќе биде таксата за хотелите со три ѕвезди (од три на пет евра), за хотелите со четири ѕвезди е десет евра од досегашните седум евра, а најголемо зголемување има за хотелите со пет ѕвезди и вили, односно од вечер ќе се плаќа такса од 15, наспроти досегашните десет евра.

Периодот во кој досега се применуваше ниската такса (ноември до февруари) се продолжува за еден месец и го опфаќа март, а цените остануваат како и досега.

Кај сместувањата од типот на Аирбнб таксата се зголемува од половина евро на две евра во зимските месеци и од 1,50 на осум евра во летните месеци.

Таксата за отпорност на климатски кризи во Грција се плаќа за секое ноќевање и се однесува на соба, а не на бројот на туристи.

На пример за двокреветна соба во хотел со две ѕвездички, летниот десетдневен одмор, ќе биде за 20 евра поскап, додека пак доколу хотелот е со четири ѕвездички, за десет ноќевања, за собата ќе треба да се платат дополнителни 100 евра.

Министерката за туризам на Грција Олга Кефалојани, на средината на септември посочи дека приходите од таксата ќе бидат наменети за превенција и обнова од природните катастрофи, како и за подобрување на инфраструктурата за поддршка на туристичкиот производ на земјата.

Паралелно, се воведува и такса за туристите од крузерите, што ќе биде највисока на островите Миконос и Санторини, односно 20 евра по патник за периодот од 1 јуни до 30 септември, а на останатите пристаништа во земјата пет евра.

Во април, мај и октомври таксата ќе биде намалена за 40 отсто, односно за двата конкретни острови ќе биде 12 евра, а за останатите по три евра, додека од ноември до март ќе се намали за 80 проценти, на четири, односно едно евро.

Според министерката за туризам процените се дека оваа такса годишно ќе донесе околу 50 милиони евра.

Приходите ќе биде распределени на три дела, еден за општините каде што пристигнуваат патниците со цел да се извршат неопходните работи на пристаништата, друг ќе се вметне во буџетот на Министерството за поморство, а останатиот дел ќе биде вклучен во буџетот на Министерството за туризам со цел подобрување на туристичката инфраструктура за поддршка на туристичкиот производ на земјата.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дванаесет мртви во масакрот во Цетиње, сторителот се самоуби

Следно

Над 66.5 милиони евра остварен приход по основ на наплата на патарини

Latest from Blog

Швајцарија славеше по пенал – серијата и си закажа дуел со Аргентина! Познати се сите двојки во 1/4 финалето!

ФОТО:.facebook.com/Swiss.Nati.Men/ Швајцарија е последниот патник во четвртфиналето. Откако по истекот на регуларниот дел и по двете продолженија 2Х15 минути беше 0:0 против Колумбија, победникот беше решен по изведување на пеналите. И тоа

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето

„Турнирот е наместен! И честитам на Аргентина на титулата на ова СП!“(ФОТО)

ФОТО:x.com/Footballtweet Сите во таборот на селекцијата на Египет по поразот од Аргентина беа гневни, особено Мустафа Зико кој не го криеше своето негодување по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство. Поголемиот дел

Милиони луѓе присуствуваа на погребната поворка на Али Хамнеи

Погребната поворка започна од џамијата Џамкаран и продолжи по авенијата на Пророкот Мухамед, на растојание од околу седум километри, до светилиштето на Хазрат Фатима Масуме. Од раните утрински часови, областа околу светилиштето
Go toTop