На 1 март учениците од четири турски области погодени од земјотресите се враќаат во училиштата

February 20, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Учениците во четирите области во Туркије погодени од земјотресите од 1 март се враќаат на училиште, изјави турскиот министер за национално образование Махмут Озер, јавува Анадолу.

„Од 1 март го продолжуваме образованието во центрите на градовите и во сите области на Адана, Килис, Дијарбакир и Шанлиурфа“, изјави Озер за новинарите во областа Малатија, една од областите тешко погодени од земјотресите на 6 февруари.

Тој додаде дека во Газиантеп и Османије, одморот поради земјотресот е продолжен до 13 март, а во Адијаман, Малатија, Кахраманмараш и Хатај се очекува наставата да започне на 27 март.

„Нема да започнеме со образование во ниту една зграда која нема извештај за отпорност на земјотреси“, рече Озер.

Денес учениците се вратија во училиштата низ Туркије, освен во 11-те области погодени од земјотресот.

Најмалку 41.020 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што го потресоа јужниот дел на земјата на 6 февруари.

Повеќе од 13 милиони луѓе беа погодени од разорните земјотреси.

Земјотресите го потресоа целиот регион, а во соседна Сирија загинаа повеќе од 3.600 луѓе, додека повеќе од 14.000 беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателот на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ од Битола дециден: Нема да го смениме името, правата ќе си ги бараме на суд

Следно

Градинките и училиштата во Центар ќе донираат 300.000 денари за Турција и Сирија

Latest from Blog

МНР со апел: Избегнувајте патувања во земјите од Блискиот Исток во кои е влошена безбедносната состојба

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток и затворањето на воздушните простори на повеќе држави од регионот, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до сите

Уметничка порака во Порта Буњаковец: „Говорот на омраза повредува“

Во центарот на композицијата се наоѓа човечко лице со широко отворена уста, од која излегуваат „отровни“ стрели – симболична претстава на навредливите и омаловажувачки зборови што честопати се користат во јавниот и

Георгиев: Извештајот на Европскиот парламент за Македонија нема меѓународно правно обврзувачка природа

Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Република Македонија нема меѓународно правно обврзувачка природа. Ова го изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев пред бугарските новинари во Брисел, каде што учествуваше

Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак

Иранската државна радио-телевизија потврди дека иранската армија лансирала ракети кон американски бази на Блискиот Исток, поточно во Катар и во Ирак. Според американски медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Лусаил, вториот
Go toTop