Бајден со воз патувал од Полска до Киев, на Зеленски му ветил дополнителна воена помош и нови санкции против Русија

February 20, 2023
2 mins read

Тајното патување на Бајден во Украина е направено со воз од границата со Полска, пишува „Њујорк тајмс“

Денеска сум во Киев за да се сретнам со претседателот Зеленски и да ја потврдам нашата несомнена посветеност на украинската демократија, суверенитет и територијален интегритет. Кога Путин ја започна инвазијата пред речиси една година, мислеше дека Украина е слаба, а Западот е поделен. Мислеше дека ќе издржи подолго од нас. Многу погреши, рече Бајден

ФОТО: EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT

„Неверојатно е што те видам“, му рече американскиот претседател Џо Бајден на својот украински колега Володимир Зеленски при пристигнувањето во Киев. Бајден изјави дека во главниот град на Украина дошол за да ја потврди несомнената поддршка за Украина и најави не само нов пакет воена помош во вредност од 500 милиони долари, туку и нови санкции против Русија.

Тајното патување на Бајден во Украина е направено со воз од границата со Полска, пишува „Њујорк тајмс“.

Посетата на Киев остана тајна поради безбедносни причини. Извештаите, исто така, велат дека Бајден го напуштил Вашингтон без најава откако тој и неговата сопруга Џил имале вечера во ресторан. Официјални лица негираа дека Бајден ќе ја посети Украина за време на неговото планирано патување во Источна Европа.

„Додека светот се подготвува да ја одбележи првата годишнина од руската брутална инвазија на Украина, денеска сум во Киев за да се сретнам со претседателот Зеленски и да ја потврдам нашата несомнена посветеност на украинската демократија, суверенитет и територијален интегритет. Кога Путин ја започна инвазијата пред речиси една година, мислеше дека Украина е слаба, а Западот е поделен. Мислеше дека ќе издржи подолго од нас. Многу погреши“,

рече Бајден.

Бајден потврдил нова донација на воена опрема за Украина и додал дека подоцна оваа недела неговата администрација „ќе објави дополнителни санкции против руските елити и компании кои се обидуваат да и помогнат на руската воена машина“.

Обраќајќи им се на новинарите заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски, тој најави дека пакетот ќе вклучува воена опрема – артилериска муниција, хаубици и рачни противтенковски ракети.

ФОТО: EPA-EFE/UKRAINIAN PRESIDENTIAL PRESS SERVICE HANDOUT

Во своето обраќање, Бајден зборуваше за издржливоста на украинската армија во моментот кога војната влегува во втората година:

„Една година подоцна, Киев е сè уште тука. Украина е сè уште тука. Демократијата е сè уште таму“,

изјави Бајден кој се сретна со украинскиот претседател Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленски во претседателската резиденција во главниот град на Украина.

Посетата беше спроведена во целосна тајност од безбедносни причини, а претставници на Белата куќа со денови негираа дека Бајден планира да ја премине украинската граница.

По американскиот претседател Џо Бајден, пред новинарите во Киев се обрати и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој рече дека денешните разговори со неговиот американски колега биле клучни и плодни.

„Се надеваме дека оваа година ќе стане година на победа. На Украина и претстои многу тежок период. Со помош на САД и остатокот од светот ќе се постигнат „историски достигнувања“. Денешните преговори беа важни, многу плодни и клучни, тие дефинитивно ќе се почувствуваат на бојното поле“,

рече Зеленски додавајќи дека ќе продолжи да прави сè што е можно демократскиот свет да ја добие оваа историска битка.

Украинскиот претседател рече дека со Бајден разговарал и за испраќање оружје со долг дострел, како и за друго оружје што Украина се уште не го добила.

Бајден пристигна во Киев во 8 часот по локално време и тој беше пречекан од американската амбасадорка во Украина, Бриџит Бринк.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата на терен – се вршат антитерористички проверки на скопскиот аеродром

Следно

МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“

Latest from Blog

Македонска технологија во служба на европска престолнина – Возило на Green Machines чисти во Будимпешта

Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина. Иако по димензии е

Зеленски вели дека САД им дале рок на Украина и Русија за завршување на војната до јуни

Тој им рече на новинарите дека очекува притисок од администрацијата на Доналд Трамп доколку не се исполни рокот до јуни. „Американците предлагаат да се заврши војната до почетокот на ова лето и

Следува период на пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините

Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег. Како што најавува УХМР, поради продор на

Грипот се повлекува, но опасноста останува: Четири починати од почетокот на сезоната

Иако епидемиолошките податоци укажуваат на намалување на бројот на новозаболени, сезонскиот грип и понатаму остава сериозни последици кај најранливите категории. Институтот за јавно здравје информира дека е регистрирана уште една жртва, со

Опуштена средба без формалности: Проданоски „на кафе со младите“ во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со млади од градот, која се одржа во пријатна и опуштена атмосфера, без формални говори и протокол, со цел поттикнување искрен дијалог и размена
Go toTop