Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето

December 28, 2024
2 mins read

Втор протестен марш против аерозагадувањето се одржува во моментов во Скопје на иницијатива на „Зелен Хуман Град“. Протестот започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува кон Собранието на Република Северна Македонија и кон Владата, а предвидено е да заврши пред бараките на Град Скопје.

Од „Зелен Хуман Град“ имаат имаат четири конкретни барања за борба против аерозагадувањето во Скопје.,

-Првото барање е јавен континуиран мониторинг на индустриските објекти за да се знае точно кој и како загадува. Второто барање се однесува на еколошко загревање на објекти како Детската клиника во Козле, која сè уште се загрева на мазут. Третото барање е решавање на автоцентричноста во градот, со приоритет на јавниот превоз и велосипедите над автомобилите и четвртото барање е подобро управување со отпадот, изјави Борјан Јовановски од иницијативата „Зелен хуман град“.

Од првиот протестен марш што се одржа на 10 декември поминаа речиси три недели.

– Две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. На кого му служат? Без чист воздух нема здравје! Без здравје нема живот! Ги полниме болниците и ги оставаме своите пари по аптеките, изјавија од „Зелен хуман град“ во најавата за протесот.

Партиите со меѓусебни обвинувања за тоа кој е одговорен за загадениот воздух. Опозициската СДСМ со забелешка дека шест месеци откако власта е во рацето на ВМРО-ДПМНЕ, тие не презеле одговорност и сериозни чекори, а граѓаните биле оставени сами на себе. 

-Скопје, главниот град на нашата држава, повторно е на листата на најзагадени градови во светот. Според извештаите на УНИЦЕФ, граѓаните на Скопје, Тетово, Куманово и Велес дишат загаден воздух повеќе од 3 месеци. Светската банка, пак, алармира дека загадувањето годишно убива 2.800 наши сограѓани. Овие податоци се алармантни и бараат нужна институционална акција која досега изостанува. Каде се ветувањата на Мицкоски и ВМОР-ДПМНЕ? Кога беа во опозиција, најавуваа една милијарда евра за инвестиции во чист воздух и намалување на загадувањето за 50 отсто. Тие ветувања денеска се покажаа како една голема лага. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не презема сериозни мерки, туку дополнително ги намалува средствата за борба против загадувањето на воздухот за 51 отсто, а во буџетот 2025 година ги нема ниту еколошките програми кои со години се реализираа успешно. Тоа е неодговорно и мора да се промени, изјави денеска на прес-конференција потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова.

Порача дека Владата мора веднаш да ги ревидира своите политики и да преземе сериозни чекори за справување со загадувањето, а секој ден одложување значи уште повеќе загрозени животи на нашите сограѓани.

Од ВМРО-ДПМНЕ со реакција на нејзиниот прес. Велат СДСМ седум години не успеала ниту еден процент да го намали загадувањето на воздухот.

-Седум години СДС не успеа ниту еден процент да го намали загадувањето на воздухот.  Нивните прес-конференции каде што критикуваат за загадувањето на воздухот, се крајно лицемерни. СДС со нивниот криминален партнер ДУИ, наместо да се занимаваа со намалување на загадувањето на воздухот, тие гледаа како повеќе да го наполнат својот џеб. За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни чекори ќе се бори против загадувањето на воздухот. Некои од мерките се, субвенции за инвертер клими, финансиска поддршка за еколошки технологии, пошумување и забрзана гасификација, како и иновативни решенија за одржлива иднина. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и работи во нивен интерес, стои во реакцијата на владејачката партија.

Претходно зелената партија ДОМ ја даде својата целосна поддршка за протестот.

-Игнорирањето на понудените мерки од протестот пред две седмици од страна на повиканите институции е показател за нивната несериозност кон борбата за чист воздух и преземањето итни мерки за справување со загадувањето. Уште еднаш ги повикуваме надлежните институции да покажат одговорност и да преземат конкретни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето – од промоција на обновливи извори на енергија и воведување на енергетски ефикасни решенија до зајакнување на инспекциските контроли и казнување на загадувачите, се вели во соопштението на ДОМ.

Според податоците на УНИЦЕФ, 11,6 отсто од смртните случаи кај новороденчињата во земјава се поврзани со загадениот воздух, што значи дека секое деветто починато дете под една година го губи животот поради аерозагадувањето.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Израелските сили го заробија директорот и персоналот на болницата „Камал Адван“ во северна Газа

Следно

Проруска хакерска група предизвика прекини на работата на веб-страниците на аеродроми во Милано

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop