Вучиќ ќе ја вооружува српската армија „до заби“

February 20, 2023
1 min read

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека „Армијата на Србија мора да биде многу посилна“ отколку што е денес и најави набавка на оружје за околу 300 милиони евра за следните две години.

– Мораме да инвестираме огромни суми пари во одбранбената индустрија и армијата. Имав разговор со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за финансии Синиша Мали. Се трудиме да не оштетиме никого и ништо во земјата без драстично да ги зголемиме нашите оперативни и функционални способности, што значи борбена готовност – рече Вучиќ при посетата на меѓународниот саем за оружје во Абу Даби.

Тој изјави дека планот е во 2023 и 2024 година да се набават 200 парчиња тешко оружје од домашно производство за околу 300 милиони евра, јави Бета.

Вучиќ додаде дека Приштина има намера до крајот на годината да набави 100 оклопни возила, делумно од донации, што е „спротивно на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Братот на Груби купил деловен објект на улица Македонија од 127м2 вреден половина милион евра, додека Артан е вицепремиер

Следно

Ердоган се состана со Блинкен во Анкара

Latest from Blog

„Потребни се факти, а не генерализации“: Грозданов со порака до Филипче

Металуршкиот инженер Виктор Грозданов упати остри критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по неговите изјави за отворањето нови рудници и можните последици врз здравјето на граѓаните и животната средина. Во авторски

ВИДЕО | ТРАМП МУ ПОДАРИ НА СИ БЕЛОГЛАВ ОРЕЛ: Што испраќа како порака моќниот симбол на САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп му подари на кинескиот претседател Си Џинпинг скулптура на белоглав орел – птица карактеристична за Северна Америка и национален симбол на САД – за време на раскошната државна

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.
Go toTop