Јанев: За 6,5% намален вкупниот криминал, 25 проценти помалку кривични дела

December 27, 2024
1 min read

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска присуствуваше на презентација на работата на македонската полиција во изминатиов период.

-Преку дела, а не зборови, полицијата успеа да го намали вкупниот криминал за 6,5 %, за 25 % го намали бројот на кривични дела, а сузби и повеќе криминални групи. Ветивме и модернизиравме услуги од интерес на граѓаните, ја унапредивме меѓунардоната соработка со што значително ја зголемивме ефикасноста и капацитетот во решавање на безбедносни предизвици во глобални рамки, вели Јанев.

Во рамки на денешниот настан се одржа и третиот по ред караван „Од вас, за вас“, со кој според Јанев, ја доближуваат полицијата до граѓаните и создаваат услови за поблиска комуникација и интеракција во насока на зајакнување на неопходната доверба која е од заеднички интерес.

Нагласува дека и натаму приоритет останува стабилна и безбедна средина за сите граѓани, во која правдата и безбедноста ќе бидат гарантирани!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Каде ќе патуваат македонските граѓани за Нова година

Следно

Мисајловски: Само со чесна работа и посветеност можеме да изградиме праведен и стабилен систем

Latest from Blog

Коњановски: Година на работа и резултати – 180 проекти за развој на Битола

Вкупно 180 проекти во различни фази, над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура и вложувања во училишта, градинки и спортски објекти го одбележале изминатиот едногодишен период во Битола. Ова го истакна

Николоски: Од 1 мај директни летови Скопје–Тиват, двапати неделно

Македонија и Црна Гора ја продлабочуваат соработката, а првиот конкретен резултат од договорените активности е воспоставувањето директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват, која ќе започне да оперира од 1 мај следната

Министерство за енергетика: Зајакнат инспекциски надзор и јавно достапни податоци за концесиите

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини презема конкретни мерки за повисоко вреднување на природните ресурси, доследно исполнување на концесиските обврски и поефикасен надзор во рударството. Зголемени се концесиските надоместоци, наплатата во

Божиновска: Поевтина струја од ЕСМ, конечниот збор за горивата го има Регулаторна

Производството на електрична енергија е стабилно, а ЕСМ обезбедува сигурно снабдување по пониски продажни цени, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на

„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“  „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски
Go toTop