Проф. д-р Каракамишева во „Наткаст“: Очекувам 2025-та година да биде година на развој, година на стабилизирање на системот

December 27, 2024
2 mins read

-На државен план очекувам уште посилно темпо на работа, да, ова е исцрпувачко темпо, но без такво темпо Македонија не може да се надева, не па да очекува што било позитивно. Добро е што стратегијата на Владата е да собере што поголем круг на луѓе коишто се разбираат секој од својата област и да ги стави во функција, вели професорката по Уставно право, Тања Каракамишева-Јованоска во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски.

-„И тоа е многу добар процес, затоа што сеопфатноста и стратешкото планирање значи вклучување на се’ што можеш да искористиш во државата и тоа е добар пристап. Секако, во него можеш да наидеш и на расипана овошка која може да ти го расипе организмот и бара внимателност во тој сеопфатен процес“ вели професорката по Уставно право.

-„Очекувам во 2025-та дека многу работи прво ќе се сменат на глобален план, сето тоа ќе се одрази и на Балканот, јас се надевам на позитивен начин, бидејќи американската политика и на ЕУ ќе ги сменат воените виори и ќе ги спречат воените начини на решавање конфликти и работите ќе се вратат на дијалог и решавање по пат на зелени маси. Мора да се направи киомпромис и да има дијалог кој ќе биде предоминнатен во однос на војната.

-Така што, верувам дека тоа ќе ги отрезни и македонските и сите други регионални партнери дека треба со дијалог, со аргументи и со издржани фатки да ги градиме и добрососедските односи и регионалните и европските и светските политики. Ниедна политика не успејала само со оружје.

-Затоа, очекувам 20205-та година да биде година на развој, година на стабилизирање на системот, почеток на закрепнување, но и почнување на развојот во институционална смисла. Очекувам и економско заздравување на државата, бидејќи без економија полтиката и правото не можат. Тоа се три работи кои се врзани во триаголник, без економија правото не може да функционира, без право економијата не може, без полтика – правична, ефикасна и обмислена, ниту едното ниту другото не можат да функционираат. Значи, мораме да ги гледаме во една тријада и една синфонија или трифонија, како сакате. Една добра, стабилна држава, да ја изградиме нели, пред се’ едни силни и трајни институции кои ќе обезбедат ред и поредок во државата. И нормално, едно осознавање  – колку е потребно да си го штитиме нашиот национален идентитет или она што ни остана од нашата историска ДНК. Да си го заштитиме нашиот национален идентитет, затоа што без тоа, не не’ бива. Не можеме така да одиме никаде, ниту некој ќе не сака, ниту некој ќе не познава по нашите особености и различности.

-Очекувам исто така државата преку политичките фактори кои сме ги избрале да ја донесе вистината на европска маса, точно да знаеме дека сите факти и аргументи се презентирани, бидејќи порано не беа презентирани, сега се презентираат се кажуваат, луѓето почнуват да сфаќаат дека ние знаеме што е тоа меѓународно право, европско право, регионално право, точно ги знаеме работите и предизвиците, меѓутоа до сега не дошле вистинските луѓе на вистинското место. Сега, кога се дојдени правите луѓе на правото место треба да го искористиме тој моментум и треба прво да ги подобриме односите внатре, а потоа и да ги создадеме новите позитивни политики за да можеме да ја оправиме државата.

-На личен план посакувам само многу здравје, да бидеме сите на број, да биде се во ред во семејството и нормално – да ни биде добра државата, бидејќи, како поинаку? Една индивидуа не може да биде среќна ако нема среќно општество“, порачува во Наткастот на Курир.мк проф. д-р тања Каракамишева-Јовановска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Пандев: Ангеловски требаше да остане селектор и после ЕП, немам ништо против Милевски

Следно

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ што летал кон рускиот град Минерални Води бил принуден да се врати во Баку

Latest from Blog

Муцунски: Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата за предвидливоста на нејзиниот пат напред

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на проширување како процес на унификација на Европа којшто покрај економско има и

Мицотакис и Нетанјаху телефонски разговарале за текот на спроведувањето на првата фаза од мировниот договор за Газа

На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи

ЛШ: Челзи се „коцкаше“ и едвај извади реми со Карабах, Пафос победи за историја (ВИДЕО)

Уште на стартот на денешните пресметки во Лигата на шампионите бевме сведоци на две изненадувања. Карабаг и Челзи одиграа нерешено 2-2 во Баку, додека Пафос го победи Виљареал со 1-0 во Лимасол.

Меџити: Ахмети ја загуби битката поради две стратегиски грешки

Скопје, 5 ноември – Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, во емисијата „Дебат во Шења“, истакна дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети, направил две стратегиски грешки на локалните избори. „Првата е што шест-седум

Сиљановска-Давкова по повод Светскиот ден на ромскиот јазик прими припадници на ромската заедница

По повод 5 Ноември, Светскиот ден на ромскиот јазик, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска прими претставници на Ромите: средношколци од Скопје, медиумски и просветни работници, како и поети. Соговорниците постигнаа консензус за потребата
Go toTop