Обвинителството ја отфрли кривичната пријава поднесена против градоначалникот Тони Коњановски

December 27, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство од Битола ја отфрли кривичната пријава поднесена против градоначалникот Тони Коњановски за отворањето на годинешното издание на битолското културно лето „Битфест“.

Кривичната пријава беше поднесена анонимно од граѓанин со цел да се испитаат наводите дали имало незаконитости во организацијата околу отворањето на битолското културно лето со музичкиот спектакл „Ѕвездена симфонија“.

Од ОЈО Битола за „АПЛА.мк “ потврдуваат дека во случајот нема „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

„По целосно спроведување на предистражната постапка, донесено е решение за отфрлање на кривичната пријава бидејќи во дејствијата на осомничениот како службено лице – Градоначалник на Општина Битола не се содржани ниту обележјата на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.1 од КЗ, нити обележјата на некое друго кривично дело за кое се гони по службена должност.“, одговорија од прес службата на ОЈО на Битола за „АПЛА.мк “ .

„Битфест“ беше отворен на 3 јули годинава на Градскиот стадион во Битола со голем спектакуларен настан на кој настапија познати музички ѕвезди Каролина, српската победничка на „Евровизија“ – Констракта, „Паркети“, „Супехикс“ и Камерниот оркестар од Битола, кусо потоа се обзнани во медиумите дека поднесена е кривична пријава до градоначалникот Коњановски затоа што Општина Битола без јавен повик, туку со одлука на интерната Комисија за евалуација организацијата за отворањето на битолското културно лето му ја доделила на Здружението „Мјузик арт“.

Два месеци подоцна Обвинителството потврди дека постапува по пријавата, оформен е предмет, обвинителот презема дејствија на проверки и ги испитува наводите. По испитувањето на наводите ОЈО Битола ја отфрли пријавата.

Токму поради ова, вчера на седница на Советот на Општина Битола, кога се носеше буџетот за 2025 година, градоначалникот на говорница побара извинување од оние кои сакале да му нанесат штета. Па направи паралела дека и сега од новогодишната манифестација „Зимска приказна“ се прави фама од опозицијата со прашања – каде се парите од спонзорите? Коњановски им порача на советниците –„Нема да дозволам од „Зимската приказна“ да правите скеч.“

„Што се однесува до извинувањето, прво очекувам да се извините за ‘Битфест’ , зашто истите приказни за ‘парите’ беа поставувани и таму (за ‘Битфест’). Каде се парите? Ништо од тоа нема. Очекувам извинување за ‘Битфест’ прво, очекувам да се извините и за ‘Зимската приказна’, бидејќи ќе ги добиете сите документи“, им се обрати Коњановски на советниците, пренесе порталот.

Од Општината летово информираа дека е постапено согласно позитивните законски прописи, дека здружение „Мјузик арт“ го застапува Камерниот оркестар, дека го ставила на располагање користењето на Стадионот, како и финансиска поддршка за „Мјузик арт“ во износ од 1,5 милиони денари. Настанот чинел 4,3 милиони денари, а разликата од 2,8 милиони денари, здружението ја обезбедила од продажба на влезници и спонзорства.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Хрватска: Католичката црква годинава од куќен благослов би можела да заработи 17 милиони евра

Следно

Протест за чист воздух: Над 3.800 животи годишно изгубени поради загадувањето

Latest from Blog

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,

Алкараз со дабл учинок: МУ ГО ЗЕМА НА СИНЕР И ЛИДЕРСТВОТО И ДЕВОЈКАТА… Битката продолжува

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз има нова девојка. Станува збор за моделот Брукс Надер кој во последно време е тема на светските медиуми – сега знаеме зошто… Други вести ја потврдуваат првата: Брукс
Go toTop