Турскиот министер за трговија: Туркије придава големо значење на зајакнувањето на економските врски со Палестина

December 25, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за трговија, Омер Болат, денес изјави дека Туркије, која ја поддржува Палестина на политичката и дипломатската арена, придава големо значење на зајакнувањето на своето комерцијално и економско партнерство со Палестина, јавува Анадолу.

Во рамките на Вториот состанок на Советот за економска соработка Туркије-Палестина, во Истанбул се сретнаа министерот за трговија Омер Болат и палестинскиот министер за национална економија Мохамед ал Амур.

„Туркије, која отсекогаш стоеше покрај праведната палестинска кауза против геноцидот и окупацијата што Израел ги спроведува во Газа, беше единствената држава што ги прекина сите трговски активности со Израел“, рече Болат на социјалната мрежа X.

Во мај, Туркије ги прекина сите извозни и увозни операции со Израел поради неговата агресија врз Палестина што го крши меѓународното право и човековите права.

„За време на билатералниот состанок со Амур, направивме сеопфатни оценки за обемот на нашата билатерална трговија, потребите на палестинските трговци и нашата поддршка во земјоделското поле“, рече Болат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пакистан ја слави 148-годишнината од раѓањето на основачот Мухамад Али Џина

Следно

Фактите и бројките говорат спротивно од СДС, за 6 месеци досега се исплатени над 4,3 милијарди денари кон земјоделците

Latest from Blog

Израел детонираше 1.100 тони експлозив во Либан, предизвикувајќи ЗЕМЈОТРЕС ОД 4,1 ПО РИХТЕР

Во четвртокот вечерта, Израел спроведе операција на ридот Али Тахер, стратешки рид јужно од Набатија. Моќните експлозии испратија ударни бранови низ јужен Либан и предизвикаа земјотрес со магнитуда од 4,1 степен. Според

Венс добил шокантни информации

Сликата што ја доби се разликува од официјалната верзија што ја промовираше Доналд Трамп. Како што откри „Њујорк тајмс“, Венс добил катастрофални информации од командантите за ситуацијата во американската војска, во контекст

Божиновска на средба со Ацевски: Секоја забелешка мора да значи конкретна мерка

Божиновска: Ревизорските препораки мора да станат конкретни мерки со рокови и одговорност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со главниот државен ревизор Максим Ацевски, на која
Go toTop