Добрила Грашеска испеа македонска песна за Божик и една љубовна за грчкото Фолкрадио

December 25, 2024
1 min read

Македонската вокалистка Добрила Грашеска испеа божиќна и љубовна песна за грчкото Фолкрадио.

„Пред два-три дена грчкото радио и портал Folkradio.gr ме замолија да испеам песна поврзана со Божик. Јас ја испеав прилепската песна што ја пеат децата на Коледе „Коледица, Варварица“, но и една љубовна „Кој ти ги даде тие црни очи“. Снимено дома, со телефон, ама искрено и со љубов“, објави Грашеска на нејзиниот Фејсбук профил.

И драго ми е, вели Грашеска, што нашите соседи покажаа интерес и со такво внимание ѝ пристапија на нашата музика.

Во објавата на грчкото Фолкрадио, Добрила е опишана како прекрасна пејачка која доаѓа од Сверна Македонија.

„Добрила Грашеска, прекрасна пејачка од Северна Македонија, позната по соработките со Чалгија Саунд Систем и како дел од дуото Добрила и Доријан, ги испраќа своите желби на folkradio.gr со песни од Прилепско“, се наведува во објавата.

Тина Иванова во најавата за интервјуто со Добрила за Фронтлајн, ќе рече:

„Добрила Грашеска не е обична вокалистка. Нејзиниот глас, иако се фокусира на чалгијата и традиционалната македонска музика, е сепак, уникатен и е сосема различен од сѐ она што во оваа сфера сме имале можност да слушаме и во минатото – нашето наследство што предците ни го оставиле. Карактеристично е, што Грашеска е посветена не само на начинот на интерпретација, туку таа се внесува во оваа приказна со целото свое битие, разложувајќи го и теоретски, до срж, духовното звучно азно“.

Целото интервју тука.

Преземено од Фронтлајн.мк

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СО 90 ИЛЈАДИ ЕВРА ЌЕ СЕ КОНЗЕРВИРА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ НА ЦРКВАТА „СВЕТИ ЃОРЃИ“ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ

Следно

Цени на храна: Ако нема намалување, ќе играат казни, најави Мицкоски

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop