СО 90 ИЛЈАДИ ЕВРА ЌЕ СЕ КОНЗЕРВИРА ФРЕСКОЖИВОПИСОТ НА ЦРКВАТА „СВЕТИ ЃОРЃИ“ ВО СТАРО НАГОРИЧАНЕ

December 25, 2024
1 min read

Вредниот фрескоживопис од 14. век во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане конечно ќе биде конзервиран. Министерството за култура за наредната година одвои 5,5 милиони денари (околу 90 илјади евра) со кои ќе започне процесот, а ќе се врши етапно во наредните неколку години.

„По 10 години отпочнуваме значаен проект за конзервација на фрескосликарството во црквата. Во 2025 ќе обезбедиме околу 5,5 милиони денари, финасирањето ќе продолжи и во наредните 3-4 години и ќе нема застој во работите. Мене ми е многу жал што во изминатите 10 години имало деградација во однос на работата, но се надевам дека со овој интензитет работите ќе си дојдат на свое место“, кажа министерот за култура и туризам Зоран Љутков, при денешната посета на црквата.

Од Националниот конзерваторски центар (НКЦ) најавија дека ќе ги мобилизираат сите стручни служби со кои располагаат и целиот кадровски потенцијал ќе биде ангажиран за да се обезбеди стручен и квалитетен конзерваторски третман на ѕидното сликарство во црквата. На проектот ќе работат и од Конзерваторскиот центар од Скопје.

Додека трае конзервацијата црквата ќе биде отворена за посетителите. (Фото: СДК.МК)

„Она што радува е најавата на министерот дека континуирано ќе има средства за конзерваторски третман на исклучително вредниот фрескоансамбл во црквата ‘Свети Ѓорѓи’ во Старо Нагоричане, која е категоризирана како културно добро од највисока категорија, со исклучително значење. Се работи за еден импозантен монументален објект, не само според својата архитектура, туку и според вредното сликарство од византиски период. Затоа не е само чест, туку е и морална и професионална одговорност да се работи на ѕидно сликарство кое е дело на двајца врвни зоографи од 14. век Михајло и Евтихиј кои биле царски зографи ценети во тој период, а ние ја имаме таа привилегија токму овде на овој простор имаме нивни импозантни дела“, кажа Цветанка Хаџи-Пецова директорка на Националниот конзерваторски центар.

Проектот по кој ќе се работи бил изготвен пред 10 години, а откако минатата година било утврдено дека нема отстапувања во однос на состојбата во која се наоѓа фрескоживописот, од пред еден месец започнале подготвителните работи, а конзервацијата ќе продолжи во март кога ќе дозволат временските услови.

„Го завршивме оној потежок дел на поставување на скеле, набавка на материјал и механичко отстранување на стари и дотраени малтери, што ни е неоходно за понатамошната работа. Ќе се внимава да се направи висококвалитетна стручна заштита, со што би се продолжил векот на ова важно фрескосликарство кое ќе биде гордост на секој жител на земјата“, кажа Владо Муковски, раководител на проектот.

Додека трае конзервацијата црквата ќе биде отворена за посетителите.

Црквата „Свети Ѓорѓи“ е една од најубавите византиски архитектонски објекти не само во Македонија, туку и на Балканот. Денешната црква „Свети Ѓорѓи“ била подигната на остатоците на постар храм од 11. век, во време на владеењето на византискиот цар Роман Диоген (1067-1071). Црквата во 1313  ја обновил кралот Милутин и неговата сопруга Симонида.

Има голем интерес за нејзина посетеност како од домашни, така и од странски туристи.

С. НИКОЛИЌ

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борбата за правда и за правна држава е борба за задржување на младите и за иднината на државата, вели Сиљановска Давкова

Следно

Добрила Грашеска испеа македонска песна за Божик и една љубовна за грчкото Фолкрадио

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се
Go toTop