Недостапни лица кои се во бегство: Дали Груби има политичка заштита од Албанија?

December 24, 2024
1 min read

„Приватната посета“ надвор од државата, како што тврдеше Груби, испадна дека е подолга од тоа што тој ja најави. Гласините дека тој се крие во Албанија, не ги негираат ниту ги потврдуваат од државната полиција на Албанија. Според МВР на Албанија, тој не е евидентиран на ниту еден граничен премин при влез на албанска територија, иако беше кажано дека за викендот бил виден на една бензинска пумпа.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека не очекува Артан Груби да има политичка заштита од Албанија. Нагласи дека екс вицепремиерот Груби е следен од Обвинителството заради основани сомненија за извршен финансиски криминал и корупција и судот му има изречено мерка притвор од 30 дена.

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи во Дејли Клик рече дека Груби „изгоре“ од неговиот лидер Али Ахмети за да го спаси Сашо Мијалков, братучед на екс премиерот во бегство Никола Груевски.

-Ставањето на Артан Груби на црна листа на САД заедно со судијата на Мијалков, Беџети, се случи поради Сашо Мијалков бидејќи тие влијаеле на судството за амнестирање на Сашо и да го задржат него како политички актер во земјава, дури и поради еден вид носталгија по тој период, изјави Арбен Фетаи, вицепремиер за добро владеење.

Неколку часа пред почетокот на полициската акција на 15 декември, Груби во придружба на локален бизнисмен, кој во својство на почесен конзул во автомобил со дипломатски регистарски таблички, поминал преку преминот Блаце кон Косово.

По внатрешниот увид на МВР, од работа е суспендиран полицаецот Б.Ј., кој не проверил дали има активна мерка „застани и веднаш извести“. Нема ниту видео материјал во тој период кога Груби минувал преку Блаце, каде што образложението на раководителот на овој премин било дека опремата нема батерии. Два дена подоцна беше распишана меѓународна потерница за неговото бегство и поранешниот директор на Македонска лотарија, Прпарим Бајрами.

ИЗВОР: ТВ 21

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицкоски на пет дена до новата година, најавува робусна акција против „триковите на трговците за зголемените цени“, од СДСМ велат „после свадба тапани“

Следно

Снегот ја парализираше БиХ, целосно во прекин сообраќајот на седум патни правци

Latest from Blog

Пресврт…. наместо во Интер, Палестра заврши во Челзи (ВИДЕО)

Иако веќе се беше договорено и неговиот агент веќе се наоѓаше во Милано, за да го финализира договорот, сепак случајот на италијанскиот репрезентативец Марко Палестра доживеа тотален пресврт. Тој во последен момент

Алиу: Од 30 јуни во функција шест нови хируршки сали

Шесте целосно реконструирани хируршки сали во Клиничкиот центар во Скопје ќе започнат со работа на 30 јуни, најави министерот за здравство Азир Алиу. Тој посочи дека пред нивното официјално пуштање во употреба

Меџити: Здравјето на граѓаните е на прво место – институциите координирано против топлотниот бран

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата Изет Меџити, најави координирани мерки за заштита на граѓаните во периодот на високи температури, по одржаниот состанок со претставници на здравствени институции и Црвениот

Коњановски: Создаваме систем што ги вклучува сите деца

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска присуствуваше на завршната конференција на проектот „Никој зад“, чија главна цел е зголемување на учеството на децата и младите со попреченост во спортските активности, промоција на
Go toTop