Над 4.000 семејства бараат исчезнати роднини, приведени од режимот на Асад

December 24, 2024
1 min read

ГАЗИАНТЕП (АА) – Од 2017 година повеќе од 4.000 семејства побарале помош од здружение со седиште во југоисточна Туркије за да ги лоцираат роднините затворени или киднапирани од сирискиот режим на Асад, јавува Анадолу.

Семејствата чии роднини се исчезнати аплицираа до Здружението на затвореници и исчезнати во затворот Седнаја во пограничната област Газиантеп за да ги најдат своите роднини.

Здружението организираше видеоповици меѓу семејствата и поранешните затвореници за да помогне во трагањето по исчезнатите роднини во сириските затвори.

Ријад Авлар, основач на Здружението, кој и самиот претрпел тортура за време на 21-годишниот затвор во озлогласениот затвор Седнаја во близина на Дамаск, создаде база на податоци во 2017 година за да ги сними информациите од поранешните затвореници што ги сретнал за време на неговото затворање.

Базата на податоци содржи фотографии и информации од поранешни затвореници, кои им помагаат на сириските семејства да ги лоцираат нивните исчезнати роднини.

„За жал, морав да пренесам тажни вести на многу семејства“, изјави Авлар за Анадолу.

– Сиријците се надеваат дека ќе ги пронајдат нивните исчезнати роднини –

Фатма ал-Харири (58) ги бара своите два сина, Сухајб (34) и Мехмет Икбал (32), двајцата приведени поради тоа што биле противници на режимот.

Таа рече дека последен пат разговарала со Сухајб телефонски во 2012 година, само два дена пред неговото приведување. Велејќи дека со години не се слушнала со нејзините деца, Харири додаде дека и многу други нејзини роднини биле исчезнати.

„Сè уште имам надеж и барам од надлежните власти брзо да дејствуваат“, рече Харири.

Рувејда Реџеп Аха не се слушнала со нејзиниот брат, Мухамед Хамза, кој бил против режимот инаку студент на универзитет, кога бил фатен од полицијата, цела деценија.

„Тој беше приведен во 2008 година и го посетувавме до 2014 година. Потоа изгубивме контакт… Мојот брат беше држен во затворот Седнаја“, рече таа.

Аха, исто така, ја опиша радоста од падот на режимот на Асад на почетокот на овој месец: „Се чувствувавме повторно родени, нашата изгубена надеж е обновена. Среќата што ја чувствувавме во тие часови не може да се искаже со зборови. Иако не се слушнавме со мојот брат, ја споделивме радоста на секое сириско семејство со исчезнатите роднини“.

„Постојат извештаи за тајни затвори кои сè уште работат во Сирија… Ќе ја одржуваме надежта сè додека нема докази за неговата смрт“, додаде таа.

Затворот Седнаја, кој се наоѓа во близина на Дамаск, е широко документиран како место на систематско мачење и вонсудски убиства под сега соборениот режим на Асад.

Башар ал-Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, кој беше на власт од 1963 година.

Преземањето се случи откако борците на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ) ги освоија клучните градови во молскавична офанзива која траеше помалку од две недели.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скандалозна изјава на високиот функционер на СДСМ, Љупчо Зиков – Против поевтинување на цените, сме живееле во капитализам

Следно

Туркије планира обнова и модернизација на аеродромите во Дамаск и Алепо

Latest from Blog

Поранешен влијателен пратеник на ДУИ му се приклучи на Меџити

Поранешниот пратеник на Демократската унија за интеграција, д-р Арбен Зибери, внук на првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, одлучи да продолжи со своето политичко ангажирање со Изет Меџити. Семејството Зибери е

Шамбевски повикува на независна истрага за злоупотребите во СЈО

Сведоштвото на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, е едно од најсериозните и најдиректните откритија за тоа како функционирала злоупотребата на правосудниот систем во Македонија. Ова не е сензационализам – тоа е

ФФМ го трансформира македонскиот фудбал со сопствен ЛЕД екран од 210 метри

Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) направи значаен исчекор кон модернизација на стадионите и подобрување на спортската инфраструктура. Наместо изнајмување, федерацијата инвестираше во сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, што создава целосно ново

Во Иран се уапсени истакнати реформистички политичари

Уапсена е Азар Мансури, лидерка на реформистичката партија, заедно со неколку други политичари, наведуваат медиумите. Иранска новинска агенција го потврди апсењето на четворица политичари, но не ги именуваше. Според агенцијата, политичарите се

Од визија до акција – Божиновска за улогата на жените во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се обрати на настан во рамки на проектот ELeVATE, посветен на охрабрување и поддршка на девојки и жени за кариера во Net-Zero технологии,
Go toTop