1 во 45.000

February 20, 2023
1 min read

Уште од почетокот на епидемијата се знаеше дека младите се соочуваат со помал ризик од постарите. Холандски истражувачи сега изготвија  студија која во бројки конечно покажува колкав бил ризикот за смртен исход од корона вирусот. Користејќи податоци од националниот регистар, покажуваат дека дури и кај луѓето во своите триесетти и четириесетти години, ризикот за смртност е речиси пренизок за да се измери. 

Истражувачите ги споредиле бројот на заразени во Холандија во неколку наврати во 2020-та и 2021-ва со вкупниот број на „вишок смрт“. Претпоставиле дека сите такви случаи се резултат на вирусот, што веројатно не ја покажува вистинската слика, затоа што меѓу нив сигурно има и такви што се резултат на предозирање, самоубиство, срцев-удар итн.

Сепак, ова не ја менува големата слика и фактот дека во 2020-та, во Холандија општата смртноста од ковид изнесувала само 1 процент.

„Друго важно што направиле истражувачите, е она што не го направија владите и ковид хистериците, да ги поделат смртните случаи според возрасни групи. Пронајдоците се… просветлувачки“, пишува Беренсон.

Графиконот го прикажува бројот на инфицирани, хоспитализирани и починати при вториот бран во Холандија, секвенца која веројатно ја дава највистинската слика околу смртноста од вирусот. Тоа е периодот меѓу првиот бран и пронаоѓањето на вакцините во 2021-ва (гледајте ја крајната десна колона). 

Истражувачите морале да ги комбинираат смртните случаи под 50 години, затоа што ги имало малку. Тие процениле дека од 10,5 милиони луѓе помлади од 50 години во Холандија вкупно умреле 24 луѓе во втората половина од 2020-та.

10,5 милиони луѓе, 24 мртви. 

Од податоците се гледа дека 1,06 милиони луѓе под 50 години биле инфицирани во тој период. Под претпоставка дека сите 24 смртни исходи биле поврзани со коронавирусот, стапката на смртност за лица помлади од 50 години изнесува 0,002 проценти – 1 во 45.000.

Други истражувања покажаа дека мнозинството од луѓето под 50 години кои починаа од ковид имале два или повеќе здравствени проблеми, како дијабетес па дури и рак. За секој помлад од 50 години што немал тешки здравствени проблеми, ризикот да умре од ковид е речиси пренизок за да може прецизно да се измери.

Дури и за луѓе во своите педесетти, ако ги изземат коморбидитетите, шансите за смртен исход биле 1 во 1.000. За старите, бројките се сосема поинакви. Вирусот убил 36% од заразените над 80 години – значи еден од тројца.

Ништо во оваа студија не треба да биде изненадување за секој кој следеше што се случува последните три години. Сепак, корисно е ова  висококвалитетно истражување од земја која тешко може да се обвини дека ги минимизира ризиците од ковид. Холандија постојано беше под карантини, некои од нив максимално строги. 

„Дали некој од власта некогаш ќе го признае – или можеби извини за – фактот дека 2020 година беше една долга вежба за жртвување на младите за да се спасат старите?“, прашува Беренсон.

 

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПСЖ сака да го врати Томас Тухел

Следно

Блинкен: САД ќе дадат 100 милиони долари помош за жртвите од земјотресот

Latest from Blog

Поради сообраќајка во прекин патниот правец Демир Хисар – Кичево

Сообраќајот на регионалниот пат Демир Хисар – Кичево е затворен за сообраќај поради случена сообраќајка вечерва, пренесува АМСМ. „Од 22:10ч. сообраќајот на регионалниот пат Демир Хисар-Кичево кај село Прибилци  е во прекин

Кирков: Хоророт во Скопје ЗОО и натаму продолжува, пред некој ден почината млада женка мајмун сијаманг

Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ реагира по повод угинувањето на една женка мајмун од Скопската Зоолошка градина. „Хоророт во Скопската Зоолошка градина и натаму продолжува. Пред некој ден почината е млада женка мајмун од врската сијаманг. Се работи за трудна женка,важи за еден од најретките заштитени видови на мајмуни во Светот. Додека директорот Попов и неговиот Заменик со овластување Стаменов ( истиот кој закла коњи и има кривична пријава) молчат, Данела Арсовска на мое прашање на интервју умешно ги браненеше овие двајца кој од Скопје ЗОО направија да е куќата на стравот. Мајмунката според моите неофицијалните мои информации е тајно носена и во приватни ветеринарни ординации и до овој момент Скопје ЗОО крие. Ќе има ли крај на ова? Ги охрабрувам новинарите да го испитаат ова дека нашата зоолошка пропаѓа, а некој и натаму не поднесува одговорност“, напиша

И Ердоган подготвен да посредува меѓу Израел и Иран, повика на итно запирање на конфликтот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, и повикал на „итна акција“ за да се спречи конфликтот меѓу Израел и Иран да го запали целиот регион.

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Поради зголемен обем на барања, шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје (во зградата на МРТВ) за издавање на „Одобрение за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години),
Go toTop