КОСТОВСКИ, ЈОЛЕВСКИ, КРЛУКУ И АНТОНОВСКИ ЈА ПРИМИЈА НАГРАДАТА „ЈАСМИН“ ЗА НОВИНАРСТВО И ПУБЛИЦИСТИКА

December 21, 2024
1 min read

Доајените на македонското спортско и културно новинарите Атанас Костовски и Љупчо Јолевски, како и публицистите Иван Антоновски и Делвина Крлуку, денеска во Собрaнието ја примија државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” за новинарство и за публицистика.

„Во годината на новинарските јубилеи, 80 години на ‘Млад борец’, на ‘Нова Македонија’, на Радио Скопје и на 60 години Телевизија Скопје, чест е да се носи наградата со името на некогаш првото македонско новинарско перо Мито Хаџи Василев-Јасмин. Новинарството останува на својата задача – да трага по вистината“, рече Костовски.

Љупчо Јолевски ја доби наградата за неговата повеќедецениска работа како радионовинар кој ја следи културата и творештвото, а самиот е автор на неколку книги. Иван Антоновски ја доби наградата за книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“, а Делвина Крлуку за есеите за премрежето на нејзиното семејство во Дебар за време на титова Југославија.

Претседателот на Одборот за доделување на државната награда, Зоран Бојаровски, кажа дека заедно со Министерството за култура ќе работат да ја зголемат афирмацијата и подигнат свесноста за значењето на наградата.

„Сите членови на Одборот заговараме, понатаму заедно со Министерството за култура да направиме повеќе за поголема афирмација, поголема присутност во јавноста, како и да ја подигнеме свесноста за значењето на оваа награда. Мито Хаџи Василев-Јасмин е истакна личност на државотворната народноослободителна војна. Јасмин по ослободувањето на фашистичката окупација и по формирањето на македонската држава зема активно учество во етаблирањето на новинарската професија и во градењето на новинарските институции“, рече Бојаровски.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запленети над 75 илјади парчиња пиротехника во тетовско

Следно

Водата во чешмите повторно протече: Арсовска вели вработените успеаја во најкраток рок да го санираат проблемот

Latest from Blog

Лацио славеше и во Удине за “три од три“

ФОТО:facebook.com/UdineseCalcio1896/ Три натпревари, три победи за Лацио. Екипата од Рим славеше во Удине против Удинезе, и по голем пресврт, беше 1:2 (0:0). Поради исклучителната физичка подготовка на екипата на Џенар Гатузо, тие

Пентагон во август собориле околу 100 дрона на јужната граница на САД- нарко картелите се закануваат

Американската војска даде редок увид во своите операции на јужната граница, откривајќи дека само во август соборила „приближно 100“ дронови за кои се сомнева дека им припаѓаат на картели, потврди за „Фокс

Од „Камп Ноу“ до третата лига во ОАЕ: Кристијан Тељо оди во пензија

Поранешниот крилен напаѓач на Барселона, Кристијан Тељо, на 35-годишна возраст објави дека става крај на професионалната кариера. Шпанецот одигра 512 натпревари во шест различни земји, а најдобрите години ги помина во Барселона,

Трамп ги претстави униформите на вселенските сили на САД- копија од „Војна на ѕвездите“ (ФОТО)

Најновата гранка на американската војска беше предмет на потсмев поради своите футуристички униформи. Сепак, многумина беа изненадени кога Трамп најави нова „Униформа за формална служба“ за воената гранка, наречена „Следна генерација“, што
Go toTop