САД ја отстрануваат наградата од 10 милиони долари за лидерот на ХТШ по разговорите во Дамаск

December 20, 2024
2 mins read

Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека ја повлекуваат „Наградат за правда“ во износ од 10 милиони долари распишана за водачот на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ) Ахмед ал-Шара, познат како Абу Мухамед ал-Џолани, јавува Анадолу.

„Му реков (на лидерот на ХТШ, Ахмед ал-Шара) дека ја повлекуваме „Наградата за правда“, која е на сила веќе неколку години“, изјави за новинарите Барбара Лиф, помошник државен секретар на САД за Блискиот Исток, по нејзиниот состанок со претставници на ХТШ во Дамаск.

Во нејзиниот разговор со Ал Шара, Лиф рече дека имала „добар“ и „темелен“ разговор за низа регионални и домашни прашања.

„Го ислушнав за неговите приоритети, кои се многу вкоренети во извлекувањето на Сирија на патот кон економско закрепнување“, истакна таа.

Лиф го окарактеризира нејзиниот разговор со лидерот на ХТШ како „многу продуктивен“, „детален“ на кој биле опфатени широк сет на прашања, додавајќи дека Ал Џолани изгледал за многу „прагматичен“.

„Ова го слушаме веќе некое време, некои многу прагматични и умерени изјави за различни прашања, од правата на жените до заштита на еднаквите права за сите заедници“, рече таа.

„Тоа беше добра прва средба. Ќе судиме според делата, а не само според зборовите“, додаде таа.

Нагласувајќи ја „клучната потреба да се осигура дека терористичките организации не можат да претставуваат закана во Сирија или надвор од неа“, таа рече дека лидерот на ХТШ изразил посветеност и за ова.

Состанокот е прва средба меѓу американски официјални претставници и припадници на ХТШ неколку дена откако Башар ал-Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск на 8 декември, ставајќи крај на режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Преземањето на власта дојде откако борците на ХТШ ги освоија клучните градови во молскавична офанзива која траеше помалку од две недели.

ХТШ беше означена како терористичка организација од страна на САД, Велика Британија, Обединетите нации и Туркије. Сепак, групата и нејзиниот водач се обидоа да се ребрендираат како поумерена сила во Сирија, нагласувајќи ја инклузијата и политичкиот пат напред.

Според неколку извештаи, САД, заедно со ОН и неколку други земји, размислуваат за отстранување на ХТШ од листата на терористички организации, иако официјалните претставници допрва треба да го потврдат тоа официјално.

– Улогата на Туркије –

Како одговор на прашање, Лиф рече дека Туркије има „големо влијание“ историски и дека „таа е соседна држава и има интереси за националната безбедност и различни други интереси“.

„Она што нашата влада би сакала да го види е Сирија која може да застане на свои нозе, која може да се поврати, како и нејзиниот сосед Ирак, целосна мерка на суверенитет над сопствените работи и со соседите да биде конструктивен во неговите ангажмани со Сирија, а исто така и сириската влада со текот на времето да биде подеднакво конструктивна во своите ангажмани и Сирија повеќе да не е извор на несигурност, нестабилност, знаете, шверц на дрога и слично“, додаде таа.

Во однос на тензиите во североисточна Сирија, Лиф рече дека има прекин на огнот во покраината Мунбич.

САД се „енергично“ вклучени во разговори со турските власти и со Сириските демократски сили (СДФ) предводени од ЈПГ“, рече таа, мислејќи на ЈПГ, сирискиот огранок на ПКК, која е прогласена за терористичка организација од страна на САД и Туркије.

„Сметаме дека најдобриот начин напред е прекин на огнот околу Кобани и дека ќе се ангажираме да го најдеме она што јас би го нарекла менаџирана транзиција во однос на улогата на СДФ во тој дел од земјата“, додаде таа.

За обновата на Сирија таа рече дека за тоа е потребно внимателно разгледување, особено во однос на усогласеноста со Цезаровиот акт за цивилна заштита на Сирија кој наложува напредок во областите кои режимот на Асад постојано ги игнорираше.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Џабе големо мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ „пишман-аџија“: Сами поднесоа предлог закон за интонирање на македонската химна, сами го повлекоа

Следно

ВИДЕО: Сообраќајка вечерва во Чаир, брзата помош на терен

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите

Милевски разочаран од поразот: “Срамотен настап, изгледаше како играчите и селекторот првпат да се гледаат“!

И Украина исто како Македонија, вчера во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП, беше убедливо поразена од селекцијата на Шведска и тоа со 1:3. Болен пораз за Украинците по
Go toTop