Одлуката за одлагање на отпад од повеќе општини во Кочани е донесена и потпишана од Владата на Зоран Заев (ДОКУМЕНТИ)

December 20, 2024
1 min read

До изградбата на претоварната станица која ќе биде лоцирана на територија на Општина Виница на која ќе депонираат сите четири општини од регионот, меѓу кои и Општина Кочани, бидејќи и нивната сегашна депонија ќе биде затворена целосно како онаа во Виница, општините Виница, Зрновци и Чешиново – Облешево својот собран комунален отпад мора да го депонираат во депонијата на Општина Кочани.

Тоа изминатиов период предизвика бура на реакции, но и протест од граѓани.

Минатиот месец тие го организираа протестот и блокадата на пристапот до депонијата, а вчера попладне повторно се сообраа на влезот од депонијата, во обид да ги спречат камионите на комуналните претпријатија од соседните општини таму да го исфрлат насобраниот отпад.

Сепак, со полициска асистенција, возилата со отпад влегоа на депонијата.

Одлуката за одлагање на отпад од повеќе општини во Кочани е донесена од Владата на СДСМ и потпишана од Зоран Заев.

Граѓаните треба да знаат дека оваа одлука не е донесена сега, туку во 2021.

Целосната одлука, КУРИР ја објавува во продолжение:

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По убиството на дете: Во Хрватска утре е ден на жалост

Следно

Движењето ЗНАМ почна да ја дели Националната платформа, прва на списокот партијата од Белата палата, ВМРО-ДПМНЕ

Latest from Blog

Променливо облачно време со умерени температури и во наредните денови

Во текот на следните неколку дена во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, со променлив правец. Минималните утрински температури ќе се движат

ВИДЕО: Македонија ќе продолжи да биде глас на разумот, порача премиерот Мицкоски по средбата со Зеленски

Премиерот на Република Македонија, Христија Мицкоски денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција која што се оддржува во Германија оствари средба со украинскиот претседател Влодимир Зеленски. -Во Минхен остварив средба со претседателот
Go toTop