Португалија соопшти дека во руските напади е погодена нејзината амбасада во Киев

December 20, 2024
1 min read

Руските напади врз главниот град на Украина, Киев, ја оштетија португалската Амбасада, соопшти денес португалското Министерство за надворешни работи, јавува Анадолу.

„Португалската Влада жестоко ги осудува нападите врз Киев утринава, кои предизвикаа материјална штета на неколку дипломатски претставништва, вклучително и на португалската Амбасада“, објави Министерството на социјалната мрежа X.

Португалија додаде дека го повикала началникот на руската Амбасада во Лисабон за да поднесе формален протест.

„Апсолутно е неприфатливо каков било напад да биде насочен или да има влијание врз дипломатски простории“, напиша Министерството.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека најмалку едно лице било убиено, а девет се повредени во рускиот ракетен напад врз главниот град на Украина.

Шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко, на Телеграм одделно рече дека Русија „најверојатно користела балистички ракети“.

Тој додаде дека паѓањето на остатоците од проектилите е забележано во пет области, а најмалку две деловни згради во областа Холосивски претрпеа оштетувања, при што покривот на едната се запали.

Историската црква „Свети Никола“ исто така беше оштетена во ударите, според објавата на црквата на Фејсбук, со скршени прозорци и витраж.

Сместена во центарот на Киев, црквата е на помалку од 300 метри оддалеченост од португалската Амбасада.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протести пред Град Скопје на работниците на „Улици и патишта“, по протестот попладнево им била исплатена платата

Следно

Ердоган: Бевме на вистинската страна на историјата застанувајќи против угнетувачите, на страната на угнетените

Latest from Blog

Николоски: Политиките на субвенционирање донесоа силен раст во авиосообраќајот

Значителен раст на бројот на патници и отворање на нови авиолинии бележат македонските аеродроми, што според заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски е резултат на актуелниот модел на

Ќе ги отстрани ли некој питачите на семафори: Загрозуваат безбедност, а казните се 15 евра

Конкуренцијата на питачи на раскрсниците низ Скопје се зголеми во последните месец дена и со тоа се зголеми и ризикот по сите учесници во сообраќајот. До неодамна само на две-три раскрсници имаше

Комуналец – Прилеп: Дивите депонии околу гробиштата се отстранети

ЈКП „Комуналец“ – Прилеп повторно апелира до граѓаните да не исфрлаат отпад околу оградниот ѕид на Старите градски гробишта. И покрај редовните молби и известувања, купишта отпад продолжуваат да се оставаат на
Go toTop