Повеќе од 6 000 последователни потреси по разорниот земјотрес во Турција и Сирија

February 19, 2023
1 min read

Од земјотресот на 6 февруари, регистрирани се потреси „на секои три до четири минути“, а околу 40 од нив беа со јачина од 5 степени, соопштија турските власти

Разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди граничната област меѓу Турција и Сирија на 6 февруари беше проследен со повеќе од 6 000 последователни потреси, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби.

Од земјотресот на 6 февруари, регистрирани се потреси „на секои три до четири минути“, а околу 40 од нив беа со јачина од 5 степени, рече Орхан Татар, шеф на Агенцијата.

Според него, потресите на земјата се очекува да продолжат и дополнително да му наштетат на „трауматизираното локално население“.

Тој ги повика луѓето во погодените области да се држат настрана од оштетените згради, додавајќи дека властите ја проценуваат штетата на стратешката инфраструктура, вклучувајќи ги браните и тунелите.

Според последните податоци, во земјотресот загинаа повеќе од 46 000 луѓе, околу 105 000 згради се уништени и оштетени, а десетици илјади луѓе во југоисточна Турција сега се без покрив над главата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије: Имам ставил цвеќе од џамијата на аукција, парите ги донира на погодените од земјотресот

Следно

РОМАНИЈА ДВА ПАТИ СЕ СТРЕСЕ – два земјотреса за три минути

Latest from Blog

Легендите на театарски Прилеп Кирил Ристоски, Џумерко и Платнар добија Музеј во движење

Прилеп имал, има и ќе има театарски уметници, а приказната за театарскиот Прилеп ја раскажуваме низ чаршијата, надвор од стерилните услови во институциите, рече Ана Стојаноска, уметнички директор на МТФ „Војдан Чернодрински

Инженерите бараат трасата на брзата пруга да не поминува низ просторот резервиран за реализација на проектот „Вардарска долина“

Здружението „Инженери на Република Македонија“ соопшти дека упатило претставка до Владата и до Министерството за транспорт со барање за исклучување на можноста трасата на идната брза железничка пруга да поминува низ просторот

Обвинителството во завршен збор за убиството на Вања и Панче: Овие злосторства заслужуваат правна, но и длабока морална осуда

Насилното одземање на основното право на живот, особено кај дете, не е само чин на суровост и бруталност, туку директен напад врз човештвото, рече обвинителката Жаклина Трајковска во завршниот збор за случајот

Турскотo МНР упати остра реакција кон Израел за нападот врз бродот „Мадлин“

АНКАРА (АА) – Министерството за надворешни работи на Турција објави дека нападот врз бродот „Мадлин“, кој тргна да достави хуманитарна помош во Газа, уште еднаш докажал дека Израел е „терористичка држава“, известува

Хамас: Израелското пресретнување на хуманитарниот брод за Газа е „државен тероризам“

АНКАРА (АА) – Палестинското движење Хамас денес го осуди пресретнувањето на хуманитарниот брод што се движеше кон Појасот Газа, нарекувајќи го чинот „организиран државен тероризам“, јавува Анадолу. Бродот „Мадлин“ под британско знаме
Go toTop