Гордана Сиљановска – Давкова прими новинарска делегација од Турција: Разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски земји

December 20, 2024
1 min read

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими новинарскa делегација од Република Турција, членови на Глобалниот совет на новинари, кои престојуваат во земјава по повод 21 декември, Денот на наставата на турскиот јазик.

На средбата, соговорниците разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски земји, за статусот на турската заедница, како и за важноста на новинарството – еден од клучните столбови на демократијата и општествениот развој.

Претседателката Сиљановска-Давкова во разговорот порача дека ја почитува улогата на новинарите во борбата против патријархалната и парохијалната политичка култура, потенцирајќи дека тие се рендген, микроскоп и чувар на демократијата. Во таа насока, таа ги реафирмираше нејзините заложби, што ги имаше уште како пратеничка во Собранието, за декриминализација на делата клевета и навреда за новинарите.

Разговарајќи за мултикултурализмот во земјава, претседателката рече дека концептот на бинационална држава не е добро решение и дека тн. помали заедници, вклучувајќи ја и турската заедница, треба да имаат поголема улога, бидејќи тие се клучот за меѓусебното разбирање.

„Фактите се дека турската заедница е доказ дека е во континуитет дел од македонското мултиетничко општество и дека имала, има и треба да има важно место во заедницата, таква каква што имала во 1944 година“, истакна претседателката Сиљановска-Давкова.

Истакнувајќи дека Турција била, е, и ќе остане пријател и сојузник на нашата држава, претседателката истакна дека во услови на мултиполарен свет треба да се надмине евроцентризмот, да се почитува турскиот републиканизам и влијанието што преку Турција може да се реализира во азискиот свет.

Претставниците од турските медиуми изразија големо задоволство од можноста за средба со претседателката, како и задоволство од севкупниот третман на турската заедница и правата кои ги ужива во земјава.

Тие се заблагодарија за соработката што ја остваруваат со македонските медиуми и националниот сервис, која претставува мост за размена на информации, културни вредности, позитивни приказни и промовирање на меѓусебното разбирање.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИНСЕКТИ, Инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Следно

Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски започна со асфалтирање на една од најголемите улици во Визбегово

Latest from Blog

Мурињо отпушти многумина од Реал, но јасно кажал кој мора да остане!

ФОТО:.facebook.com/RealMadrid/ Жозе Мурињо сака Гонзало Гарсија да остане во клубот и не го поддржува неговото заминување, објавува шпанскиот весник „Марка“. Според информациите од овој весник, искусниот португалски стручњак смета дека во тимот

Екс капитенот на Хајдук ќе игра за Гремио

Филип Кровиновиќ, еден од капитените на Хајдук до неодамна ќе игра во шампионатот на Бразил, за легендарниот тим на Гремио. Изненадувачкиот трансфер одекна како бомба во јавноста во Хрватска, затоа што реално

Драма во САД: Уапсен е син на познат тренер, откако си ја застрелал мајка си

Канцеларијата на локалниот шериф денеска добила информација дека полицијата доцна во неделата навечер излегла на местото на настанот откако се слушнале истрели во куќа во градот Ашбурн, Вирџинија. Таму ја пронашле 57-годишната
Go toTop