ИНСЕКТИ, Инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

December 20, 2024
1 min read

Како и изминативе години, така и оваа, Националната галерија креираше креативни проекти по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, на кој младите од повеќе скопски училишта, ученици со или без хендикеп работеа заедно, односно создаваа уметност. Во проектот „Инсекти“ беа вклучени учениците од гимназијата Никола Карев, Јосип Броз Тито- пaралелка на меѓународна матура и учениците од училиштето за деца со оштетен слух и говор ДУЦОР Партеније Зографски, единствено од овој тип во нашата држава.

Оваа година како предизвик беше графиката како ликовно подрaчје, техника сува игла. Оваа доста атрактивна графичка техника децата имаа ретка и несекојдневна можност да научат нешто ново и тоа од тимот професори и асистенти од Факултет за ликовни уметности – Скопје – УКИМ. Со нивна асистенција тие прво учеа како со игла се реже цртежот, а потоа графиките да бидат испринтани  во амбиентот на самиот факултет. Нивното графичко изразување беше со тема инсекти, што ја показува нивната грижа  и интерес кои инсектите и природата воопшто.

Последните истражување се многу загрижувачки бидејќи покажуваат многу видови кои се во опаѓање, а како причини има многу, но климатските промени се јавуваат како главен фактор. Оттаму темата која учениците ја работеа беа и оние видови пеперутки или бубачки кои се токму во категорија на исчезнување, а со тоа и подигање на јавната свест за истите и избегнување на поголеми катастрофи. Можеби сите не ги сакаат инсектите, но вистината е доколку тие исчезнат тоа ќе предизвика еколошки хаос и исчезнување на храната за сите живи битија на нашата планета.

Изложбата која е завршен резултат на овој проект, ќе се одржи во Мала станица, 24 декември 2024 (вторник), 12:30 ч. На отворањето на изложбата музички настап ќе имаат учениците од гимназијата „Никола Карев“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДОГОДИНА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НОВА АНИМИРАНА СЕРИЈА „БУКВОЖДЕР“, ПРОДОЛЖЕНИЕ НА „БУШАВА АЗБУКА“ ОД ПРЕД 40 ГОДИНИ

Следно

Гордана Сиљановска – Давкова прими новинарска делегација од Турција: Разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете пријателски земји

Latest from Blog

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето
Go toTop