ДОГОДИНА ЌЕ ИЗЛЕЗЕ НОВА АНИМИРАНА СЕРИЈА „БУКВОЖДЕР“, ПРОДОЛЖЕНИЕ НА „БУШАВА АЗБУКА“ ОД ПРЕД 40 ГОДИНИ

December 20, 2024
1 min read

Во 2025 ќе излезе новата анимирана серија „Буквождер“, продолжение на образовно-забавниот проект „Бушава азбука“, како копродукија на продукцијата „2БА“ (Втора „Бушава забука“), „Види Вака раскажувачко студио“ и Георги М. Унковски.

„Буквождер“ е анимирано продолжение и приказна за буквите и македонскиот  јазик од култната ТВ-серија „Бушава азбука“. Серијата од 1985, во продукција на Македонската радио телевизија (МРТ), беше насочена кон детското образование и запознавање со македонската книжевност, култура и традиција преку музика, цртан филм и актерска игра. Имаше вкупно 31 епизода, со просечно траење од 29 минути, секоја посебно посветена на буквите од македонската азбука. Таа е убедливо најуспешниот производ на МРТ, со кој многу генерации ја научија азбуката.

Креативни продуценти се Слободан Унковски и Синоличка Трпкова, додека извршни продуценти се Горан Игиќ  и Мите Кузевски.

Режисер и продуцент на анимираната серија е Георги М. Унковски, а сценариото е на Калија Киселичка. Во анимацијата се користени оригиналните илустрации на Душан Петричиќ од 1985, за кои копродуцентите ги имаат откупено сите права, како и адаптации и нови илустрации од илустраторот на „Буквождер“, Томи Џуровски. Анимацијата на спотот за песната „Бушава Нова година“, со која денеска се промовираше серијата, како и анимацијата на новата серија се дело на Никола Димов, Дамјан Михаилов и Горан Менков.

Песната е дел од новата серија, a ja пеат ликовите од „Буквождер, Бушавковци, чии гласови ги позајмуваат Ивана Павлаковиќ, Ангела-Александра Ивановиќ и Дамјан Цветановски. Музиката е на Георги Шарески, текстот на Кузевски, а во адаптацијата учествуваа и Игиќ и Шарески.

„По двегодишни напори за обезбедување на поддршка и спонзори, овој прв проект од ‘Бушав универзум’ е финансиран од сопствени средства на копродуцентите. Во план е и јавна кампања за собирање средства. Со оваа анимирана серија, чие емитување се очекува во 2025, започнува новата етапа на ‘Бушава азбука’ и ‘Бушав универзум’ во Македонија, но и секаде каде што се присутни македонскиот јазик и култура. Во меѓувреме, седум години траат напорите за финансирање на ‘Бушав буквар’, продолжение на   легендарната телевизиска серија ‘Бушава азбука’, за која Горан Стефановски ги почна, а по неговата смрт Марјан Алчевски ги доврши сценаријата. За овој проект од национален интерес копродуцентите исто така ги имаат обезбедено сите права. Серијата за која институциите се глуви од 2018 е воедно и последното нереализирано дело на легендарниот македонски драматург Горан  Стефановски. Идејни творци на проектот се режисерот Слободан Унковски и актерката Синоличка Трпкова-Меллес дел од оригиналната постава на омилената ‘Бушава азбука’“, соопштија од „Види вака“.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владата потклекна пред Вреди и го повлече Законот за средно обеазование

Следно

ИНСЕКТИ, Инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби

Latest from Blog

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето
Go toTop